Архитектура

Како луѓето од минатото ги замислувале домовите во 21 век?

15. мај 2019 - 17:55 | Б.С.Б.

Луѓето со векови предвидуваат како ќе изгледа иднината. Некои предвидувања се прилично амбициозни, а некои се премногу ексцентрични.

Тим истражувачи и уметници на едно место собраа научно-фантастични стилски концепти од домови кои луѓето од различни децении ги замислувале за иднината.

Bored Panda одвои некои од најинтересните:

1. Подвижен дом (од 1900)

Подвижната куќа на Жан Марк Коте прикажува како би изгледал животот во 2000 година.

2. Стаклена куќа (1920)

Реклама на Vitaglass покажува концепт на стаклена куќа, замислена во 20-тите години на минатиот век.

3. Куќа што се тркала (1934)

Во септемвриското издание на Everyday Science and Mechanics, објавено во 1934 година е претставен концепт на сферични куќи за кои се вели дека ќе бидат во мода.

4. Куќи од лесен материјал (1942)

Во јануари, 1942 година авторите на „This Unfinished World“ понудиле визија за создавање на згради и домови отпорни на земјотреси и направени од лесен материјал.

5. Куќи во вселената

Во декември 1953 година магазинот Science Fiction Adventures објавил предлог домови во вселената.

6. Куќи во форма на круг и од стакло (1957)

На  насловната страница на Mechanix Illustrated во јуни, 1957 година е објавен концепт за тоа како би изгледале куќите во 1989 година.

7. Подводни домови (1964)

На Светскиот саем во 1964 година е претставена визија на подводни домови, од страна на General Motors. Посетителите на саемот во Њујорк биле одушевени од Futurama II Pavilion.

Коментирај