Како Манчестер ѝ се заблагодари на Аријана Гранде?

Поминаа три недели од експлозијата по концерт на Аријана Гранде во арена во Манчестер каде загинаа 22 лица. Десет дена подоцна младата поп-ѕвезда се врати во градот уште потресен од трагедијата и одржа хуманитарен концерт во чест на жртвите и за помош на нивните семејства.

Концертот на кој се приклучија редица славни музичари како Џастин Бибер, Колдплеј, Мајли Сајрус и други, имаше огромна посетеност и покажа дека љубовта и сплотеноста се посилни од омразата.

Сега градот Манчестер ѝ ја возвраќа љубовта на Аријана по концертот One Love Manchester.

Денес Градскиот совет на Манчестер соопшти дека Аријана Гранде ќе добие почесно жителство на градот, во знак на благодарност и како признание за нејзиниот придонес за градот по ужасниот терористички напад.

Почесното жителство ќе биде дел од новиот план што го предлага Советот за да им се оддаде почит на луѓе надвор од Манчестер кои дале „посебен и значаен придонес“ за градот.

Предлозите ќе се разгледуваат на 12 јули кога е закажал следниот состанок на Советот во полн состав.

Аријана доби многу пофалби за нејзината ангажираност и храброст да се врати во Манчестер, а веста за почесното жителство исто така беше примена со радост на социјалните мрежи.

реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе