Како мажите реагираат на разводот, а како жените?

Разводот претставува губиток за двајцата партнери, без разлика кои се причините. Нема победник. И двете страни губат, но губитокот секој го поднесува различно.

Иако не треба да се генерализира, психолозите сметаат дека двата пола различно се однесуваат кога станува збор за развод на бракот.

Кои се најчести причини за развод?

Според статистиките, најчеста причина за развод на бракот се физичкото и психичко насилство, алкохолизмот, неверството, љубомората и финансиските проблеми.

Бројни светски студии покажуваат дека најчесто жените се иницијатори за развод.

Кој повеќе ужива во бракот?

Списанието The psychology today, откри дека и мажите сакаат да бидат во врска и брак исто како и жените.  Мажите се посреќни во бракот за разлика од жените, имаат подобро физичко здравје и се побогати. 

Разлики во соочување со разводот

По разводот, партнерите на различен начин ја прифаќаат новонастанатата ситуација. Статистиките покажаа дека разведените мажи почесто одлучуваат повторно да стапат во брак, за разлика од разведените жени.

Една од причините е патријархалното воспитување на жените, затоа што им е страв за тоа што ќе каже околината, што е многу погрешно.

 

Но, мажите уживаат во патријархатот, па затоа општеството нив ги доживува поинаку. Општеството го симпатизира разведениот маж и сочувствува со неговата новонастаната ситуациија. За жените пак, се смета дека „го растуриле семејството“ и сега треба „да ги сносат последиците“.

Сепак, мажите потешко го поднесуваат разводот за разлика од жените, затоа што се зависни од нивната партнерка. Од друга страна, жените имаат емоционална поддршка која им овозможува полесно да се вклучат во нормалните животни активности.

Кога жената е иницијатор за развод, го повредува машкото его, па затоа поранешниот партнер сака да ѝ се одмазди, барајќи старателство над детето/децата.

Жените, пред да се разведат, размислуваат однапред како ќе постапат и затоа се неколку чекори пред мажите, покажува студијата.

Кога мажите се иницијатори на развод, што статистички е поретко, жените искажуваат голема тага или желба за одмазда. Но, тие знаат како да се носат со животот, повторно застануваат на нозе и започнуваат нов живот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Љубов и секс

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more

Како да го разгорите сексуалниот живот откако ќе станете родители?

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе