Како Mercedes ја замислуваше иднината во 1996 година?

Mercedes отсекогаш бил иноватор на многу нови технологии и системи што денес се стандард во автомобилската индустрија. Најдобар пример за тоа е концептуалниот модел F200 Imagination од 1996 година.

Многу иновации во автомобилската инустрија најпрво се појавуваат на концептуални модели, а по години, а некогаш и децении, си го наоѓаат своето место во продукциските модели.

Сепак, некои замисли се премногу смели и надвор од стандардите, што никогаш не стигнуваат до сериските автомобили.

Еден од концептите што своевремено привлече големо внимание кај вљубениците во автомобили беше од 1996 година.

Ова луксузно купе беше претставено на саемот за автомобили во Париз пред 22 години, со 6.0-литарски V12 мотор со 400 кс.

Иако имал импресивни 400 коњски сили, моторот не бил она што привлекувало најголемо внимание кај овој автомобил – тоа биле џојстиците со кои се управувало возилото наместо волан.

Приказната за F200 почнува во 1991 година кога Mercedes ја почнува серијата футуристички концепти со ознака F. Првиот беше F100, а 5 години подоцна беше претставен и F200 Imagination.

Една од најважните иновации беше страничното воздушно перниче како завеса, а предното перниче за возачот беше под контролната табла, со оглед на тоа дека моделот нема волан.

Како многу денешни концепти, Mercedes F200 Imagination немаше надворешни ретровизори, туку користеше камери поставени во задните носачи на кровот.

Сепак, најатрактивна карактеристика на моделот беа управувачките џојстици – едниот од левата страна, во вратата на возачот, а другиот на централната конзола, за да може со возилото лесно да управуваат и возачи леваци. И двата имаа иста функција – со туркање напред се даваше гас, со повлекување назад се кочело, а вртењето е со поместување на џојстикот лево, односно десно.

На џојстиците имаше и други копчиња за команди што инаку се на рачките зад воланот, како вклучување трепкачи, фарови или бришачи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе