Како може стресот да влијае на телото?

Стресот има огромно влијание на здравјето, a симптомите може да ги забележите кога го дисциплинирате детето, додека сте на работа, кога ги средувате сметките за плаќање или кога се соочувате со одреден непријатен предизвик во врската. Стресот е насекаде.

И додека малку стрес не е страшно, премногу стрес може да ве разболи, ментално и физички. Првиот чекор за да го контролирате стресот е да ги знаете симптомите на стрес. Но, повеќето од нас се толку навикнати на стресот што често не ни знаеме дека сме под стрес додека не дојдеме до крајната точка.

Стресот е реакција на телото во тешки ситуации, без разлика дали се реални или замислени. Кога чувствувате дека сте под закана, во телото се случува хемиска реакција која ви помага да спречите повреда. Реакцијата е позната како „соочи се или бегај“.

Научниците веруваат дека долготрајната изложеност може да се манифестира со насобирање на стрес во одредени делови на телото.

1. Рамена и вратот

Кога сме под стрес несвесно ги креваме рамената и оваа положба создава стегање на мускулите во вратот и рамената, поради што подоцна чувствуваме болка во тие делови на телото.

2. Глава

Воопшто не е реткост луѓето да чувствуваат главоболка или мигрена кога се под стрес. Тоа е резултат на ослободување одредени хемикалии во телото кога сме под стрес. Тие хемикалии влијаат на нервите и на крвните садови во мозокот, предизвикувајќи главоболка.

3. Стомак

Стресот може да влијае и на работата на цревата, поточно на микробите. Исто така може да доведе до излачување на вишок желудочна киселина.

4. Вилица

Доколку шкрипете со забите додека спиете стресот е можна причина за оваа појава. Главните мускули во вилицата се стегаат кога сте под стрес.

5. Имуниот систем

Имунитетот помага да се избориме со вирусите и бактериите во телото. Кога сме под стрес во телото се ослободуваат хемикалии кои го потиснуваат имуниот систем. Опаѓа нивото на лимфоцити во крвта и телото станува помалку отпорно на болести. Кога сме под стрес поголеми се шансите да се разболиме.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе