Фудбал

Како Мурињо изреагира на голот на Челзи во 96-та минута?

20. октомври 2018 - 17:21 | А.С.

Ова беше неверојатно отворање на деветтото коло на англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед губеше на полувреме кај Челзи со 1:0, но ни тоа не беше толку поразително колку нерешениот резултат на крај што го одлучи гол во последната секунда.

Резултатот го отвори Рудигер со гол за домаќините во 21-та минута, додека гостите немаа ниту еден прецизен удар до паузата. Потоа, сепак, работите се променија и Марсијал направи пресврт со голови во 55-тата и 73-тата минута.

Кога се чинеше дека Марсијал ја спаси честа на Јунајтед, Баркли даде гол за „сините“ во последната секунда од 96-тата минута.

 Додека целиот тим и стручниот штаб на Челзи славеа што обезбедија реми и сите очи беа вперени во нив, камерите ја фатија и реакцијата на тренерот на Јунајтед – Жозе Мурињо.

Португалецот очигледно „откачи“, скокна од местото и се залета физички да се пресмета со член на тимот на Челзи кој дрско го славеше голот пред негови очи.

Коментирај