Како мутира коронавирусот Sars-CoV-2?

Експертите кои го проучуваат мутирањето кај коронавирусите открија над 10.000 различни геноми на смртоносниот патоген и создадоа сеопфатна мапа што ќе биде од клучно значење за контролирање на пандемијата и наоѓање лекови за болеста COVID-19.

Од декември кога беше анализиран првиот примерок на вирусот во Вухан, Кина, интернационални тимови научници со помош на филогенетика го создадоа огромното генеалошко „дрво“ на вирусот Sars-CoV-2 кој ја предизвикува болеста COVID-19, што открива како се рашири од епицентарот на епидемијата до сите делови на светот.

„Геномската епидемиологија ќе биде витална алатка во напорите на човештвото да се справи со COVID-19 и да го врати светот во нормала“, вели Ема Ходкрофт, еволуциски генетичар од Универзитетот Базел во Швајцарија која е дел од проектот за мапирање Nextstrain.

„За почеток, ќе биде од инструментално значење во напорите за разликување на локалните и увезените зарази во периодот додека излегуваме од карантини.“

Мапата на мутации ќе се користи за да се сознааат евентуалните последователни бранови на вирусот, кога ќе биде ставена под контрола пандемијата, но и за да се развијат лекови и вакцини кои ќе доведат до тоа.

Сите вируси мутираат и ниту една од промените во Sars-CoV-2 го нема сменето неговото однесување, ниту го направила поопасен, според досегашните сознанија.

„Луѓето зборуваат дека како што се шири и мутира новиот коронавирус се развиваат негови нови подвидови или родови (strains), но ние сметаме дека е опасно да се користат тие термини бидејќи тоа сугерира дека мутациите го прават вирусот повеќе или помалку пренослив или вирулентен“, вели д-р Ходкрофт.

Најдобри примери за географски диверзитет на COVID-19 може да се видат во Исланд каде се спроведени најмногу тестирања и анализи на геноми на Sars-CoV-2 во споредба со други земји, сметано по глава на жител.

Повеќе за истражувањата во Исланд може да најдете ТУКА и ТУКА, а целата сторија „Mutations map holds the key to bringing coronavirus under control“ на Financial Times може да ја најдете ТУКА.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе