Како на телефон да слушате музика од YouTube во позадина?

Не е важно дали имате iPhone или Android, ова се најдобрите реешенија за слушање YouTube содржини во позадина - потполно бесплатно.

Со растот на популарноста на платформите за стримување музика, како што се Spotify, Deezer, Tidal и YouTube Music, има сѐ помалку луѓе кои чуваат музика на своите уреди. За жал, сите овие платформи бараат од корисниците да плаќаат одредена претплата за да добијат полна функционалност, па така за бесплатно стримување музика и слушање во позади е сѐ потешко да се најде соодветно решение.

Се разбира, независно од тоа дали сакате да слушате студиски верзии на песните, каверите или нешто сосема друго, како подкасти, YouTube е место кое нуди најголем избор на содржини. За жал, доколку не се претплатите, официјалната апликација нема да ви дозволите да ја ставите да работи во позадина. Сепак, постојат алтернативни решенија, кои ви ги претставуваме подолу, независно од тоа дали имате iPhone или Android уред.

Најдобра Android апликација за слушање YouTube музика во позадина

Според многумина, најдобрата апликација за оваа намена е YMusic. Оваа апликација постои веќе неколку години и е проверено решение не само за слушање музика во позадина, туку и за заштеда на драгоцени мегабајти додека тоа го правите.

Интерфејсот е многу едноставен, а иако ја има таа опција, YMusic не подразбира репродукција на видеа, туку само на аудио, па затоа нема да стравувате дали брзо ќе ви се потроши мобилниот интернет додека слушате музиката.

Кога ќе ја инсталирате апликацијата, YouTube содржината можете да ја пребарување низ секцијата Discover, а откако ќе ги пронајдете посакуваните видеа, апликацијата ќе состави листа од 25 препорачани песни чиј редослед можете да го прилагодувате по желба. YMusic нуди и бројни други функции како правење плејлисти, еквализатори, тајмери за гасење музика, па дури и подесување на брзината на репродукцијата. Сепак, функцијата која многумина ја сметаат за најкорисна е можноста за симнување на содржини во MP3 формат.

Доколку во моментов помислувате на YouTube Vanced, апликација која нуди слична функционалност, имајте на ум дека YMusic не е замена за YouTube Vanced, туку бесплатна алтернатива на YouTube Music апликацијата. Понатаму, овие две апликации можете да ги користите во пар, на истиот начин на кој можете да ги користите и YouTube Premium и YouTube Music.

Најдобра iPhone апликација за слушање YouTube музика во позадина

За жал, инсталирањето на апликации вон App Store е невозможно без комплициран процес, па на корисниците на iPhone изборот им останува само на апликациите кои Apple ги има одобрено, односно кои што не ги кршат нивните правила.

Ова не значи дека iPhone корисниците не можат да слушаат YouTube содржини во позадина, туку само дека решенијата им се прилично ограничени и далеку помалку функционални во однос на Android. Такви решенија на App Store има доста, но според мислењето на мнозинството, најдоброто решение се вика Musi.

Апликацијата Musi не е толку богата со функции како YMusic, но ќе ви заврши работа. По пуштањето на песна, автоматски создава плејлиста со 25 песни која можете да ја прилагодувате, нуди создавање сопствени плејлисти, еквализатор и тајмер за гасење на музиката. За жал, сите апликации од ваков тип во App Store, па и Musi, на своите корисници им прикажуваат реклами, па морате да издвоите еднократна сума доколку не сакате да ви се прикажуваат, што не е идеално, но секако е поевтино од редовното плаќање на претплата.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе