Завесите не е лесно да се исперат. Со нив треба да бидете многу внимателни бидејќи лесно се оштетуваат.
Ви претставуваме еден одличен рецепт за перење на завеси.
Потребни состојки:
- 1 таблета аспирин
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 мерица течен детергент
Завесите откачете ги и ставете ги во машината за перење алишта. Измеѓу завесите ставете една таблета аспирин. Во преградата за перење истурете ја кесичката со прашок за печиво, а во делот за предперење истурете доза течен детергент.
Машината вклучете ја на програма за завеси, а доколку моделот на машина кој го поседувате нема таква опција, едноставно ставете да се пере на 30 степени и максимално намалете го бројот на вртежи при центрифуга.
Доколку ги исперете на овој начин, завесите ќе изгледаат како нови.