Покрај бројни диети кои исцрпуваат, напорно вежбање и употреба на хемиски производи и препарати, сепак слабеењето на природен начин е многу поефикасно и поздраво.

Ако сакате да го намалите апетитот на природен начин, со цел да ослабете, постојат неколку корисни начини.
Многу протеини
Експертите советуваат внесување храна богата со протеини или здрави масти, бидејќи токму тие го намалуваат чувството на глад.
Треба да јадете јајца, немасно месо, грав, грашок, производи од соја, грчки јогурт.
Задолжителни влакна
Корисни намирници кои брзо го заситуваат организмот се оние богати со влакна. Освен што го намалуваат апетитот, влакната директно влијаат на подобрување на дигестијата, а одлична е и за оние кои имаат проблеми со запек или нарушувања во варењето на храната.
Треба да јадете леблебија, леќа, интегрални житарки, зрнесто овошје, ленено семе и чиа семе, кикирики, како и разновиден зеленчук.
Пијте многу вода
Општо познато правило е дека кој пие вода пред јадење, помалку ќе јаде. Пиењето вода пред јадење може да го залаже гладот, а со самото тоа и да намали вишок килограми бидејќи желудникот се полни со вода, така што не останува премногу место за храна.
Така, чинија супа пред главното јадење може да помогне во намалувањето на апетит.
Вежбање пред јадење
Најздравиот начин да намалите апетит е вежбање пред самиот оброк. Едно истражување покажа дека тренингот пред јадење ја намалува желбата за храна, бидејќи тогаш организмот произведува помали количини грелин, хормон што создава чувство на глад.
Џвакајте бавно
Еден од триковите како да го намалите апетитот е побавно да ја јадете храната. На тој начин ќе внесете доволно количина храна, колку што ви е потребна. Во спротивно, луѓето кои јадат брзо внесуваат во помали интервали поголеми залаци, а со самото тоа и повеќе калории, додека мозокот не може да стигне да регистрира колку и дали желудникот е полн.