Совети, трикови и потребни апликации

Како најлесно да научите нов јазик?

Голем е процентот на Македонци кои знаат да зборуваат само еден јазик па затоа знаењето на втор јазик би можело да ви биде од голема помош, посебно за идни вработувања. Спротивно на генералното мислење, учењето на нов јазик не е воопшто тешко како што изгледа ако ги добиете вистинските совети и ги користите сите трикови кои ви стојат на располагање.

Најпрво, треба да ви биде забавно додека учите нов јазик бидејќи така нема да го чувствувате тоа како обврска, туку како интересен предизвик кој ќе ги подобри вашите животни вештини. Тоа најлесно можете да го направите преку онлајн курсеви, апликации за учење јазици или пак можете да не играте според правила и да го почнете да учите самостојно, преку видеа или прирачници.

Ако сакате што подобро да го научите јазикот, мора да го повторувате почесто. По можност правете го тоа со некој кој секојдневно го зборува тој јазик, или пак тоа е неговиот мајчин јазик. Skype повиците можат да бидат добра тренинг-метода доколку ваквите личности не ви се достапни во секојдневниот живот. Во секој случај, не се грижете доколку звучите смешно бидејќи тоа ќе се исправи со тек на време. Колку повеќе вежбате – толку подобро ќе го научите јазикот.

Живееме во време на тотална електронска револуција и затоа е добра идеја да ги искористите сите бенефити кои ви ги нудат модерните уреди. На пример, учењето на нов јазик е многу позабавно кога го правите во своја режија. А тоа најдобро ќе го направите преку некоја од апликациите кои можете да ги симнете на вашиот телефон. Ова се трите најдобри кои ги одбра екипата на Кајгана:

Duolingo

Не постои попопуларна апликација за учење нови јазици, а тоа е така со причина. Duolingo е целосно бесплатна апликација која ги содржи скоро сите светски јазици, плус фиктивни јазици како што е Клингонски. Низ забавни задачи и игри ќе го научите јазикот кој сакате во најбрзо можно време.

WaitSuite

Со WaitSuite не само што ќе научите нов јазик, туку оваа апликација ќе ви го пополни она кратко време кога немате што да правите, како на пример кога чекате автобус или пак се возите во лифт. Овој бесплатен проект на МИТ Универзитетот испраќа картички со превод кои треба да ги решавате во текот на денот.

Rosetta Stone

Оваа апликација работи на уникатен начин бидејќи тргнува оттаму дека е најдобро да ве научи да се снаоѓате во секојдневни ситуации. Во моментов има само 24 светски јазици, но добрата работа е што претплатата за неа е исклучително ниска – 7,49 долари за 24 месеци. Од сите апликации на пазарот, Rosetta Stone најчесто ги собира најдобрите оцени.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе