Живот

Како нашите деца правилно да ја користат технологијата?

9. јануари 2019 - 14:35 |

Денешните деца се раѓаат со компјутери, смартфони и таблети „в рака“. Родителите, педијатрите и психолозите се грижат дека овој тренд може да има негативни последици за нивниот интелектуален развој. Во ова дигитално време кога целиот живот почнува да се одвива онлајн, погрешно е да се забрани, но треба да се внимава колку време децата поминуваат на смартфон и на какви содржини. 

Децата најчесто земаат пример од своите родители и го копираат нивното однесување. Доколку вашето дете ве гледа по цел ден со смартфон во раката, и самото ќе сака да го прави истото. Затоа,одвојте време за заеднични активности: читајте, играјте „Не лути се, човеку“, асоцијации, пантомима. Ангажирајте се и бидете му посредник и водич и за дигитална комуникација. 

Покажете му дека интернет и дигиталните уреди не се само забава, туку и извор на корисни информации и складиште на знаења. Поттикнете ги децата да истражуваат и да поставуваат прашања. Бидете подготвени да одговорите и да ги споделите вашите искуства. Но, најважното од сè, обрнете внимание на квалитетот на содржините за кои детето е заинтересирано.

Дајте им приоритет на образовните програми и сајтови, барајте апликации кои помагаат за развивање вештини, за градење и дефинирање себеси уште од рана возраст. Апликации во кои преку различни игри и активности на децата им се пренесуваат и објаснуваат теми како социјализација, толеранција, соработка, самостојно решавање конфликти, заштита на животната средина...  Преку такви содржини, тие ќе учат низ забава како подобро да се разберат себеси и другите и светот околу нив. Во исто време, ќе бидат поттикнати да размислуваат, сонуваат и откриваат, за да ги остварат сопствените можности.

Токму таква апликација и тоа на македонски јазик е новата 5+ апликација на Македонски Телеком и ОХО, каде што главен протагонист е добропознатиот анимиран херој – кучето Петко. Апликацијата е создадена со намера децата да следат квалитетни и едукативни теми преку медиум кој им е омилен и добро познат.

Преземете ја апликацијата и препуштете ѝ се на играта: Play Store , App Store

*Промотивен текст

Коментирај