Како настанал кроасанот?

Дали знаете како ова печиво станало едно од најомилените пекарски производи во светот?

На сите места на кои се нуди доручек, од бензинските пумпи до најпрефинетите ресторани во градовите, практично секаде се нуди кралот на печивата - кроасанот. Иако светскиот ден на кроасаните е на 30 јануари, вистината е дека не постои ограничување кога станува збор за уживањето во овој деликатес, и тоа пред сѐ бидејќи постојат полно варијатни на кои не им се знае бројот.

Многумина не ја знаат приказната која се крие зад потеклото на кроасанот.

Приказна за вредните пекари

Иако денешното име остана таков впечаток, потеклото на кроасанот не е француско, туку австриско. Според верзијата која ја објавил доктор Алфред Готшалк во издание на престижната кулинарска енциклопедија Larousse Gastronomique од 1938 година, овој деликатес бил смислен за време на австро-турските војни од XVII век. Или подобро кажано, кога напредувањето на трупите на везирот Кара Мустафа преку Дунав и освојувањето на територии од германското царство било запрено во 1683 година пред ѕидините на Виена.

Неможноста да напредуваат довела до тоа Османлиите цели два месеца да вршат опсада врз градот во обид да ги изгладнат војските кои ја бранеле Виена - на царот Леополд I и на полскиот крал Јан III Собјески, кој му дошол на помош. Кога увиделе дека жителите не попуштаат, одлучиле да пробаат нова стратегија - ноќе почнале да копаат тунели под ѕидините.

На другата страна, виенските пекари како и останатите пекари ширум континентот работеле навечер во своите пекари, поради што можеле да ја слушнат бучавата која ја правел непријателот и да ја откријат неговата намера. Спасувајќи го градот, но и целото царство, кралот одлучил да им додели одредени привилегии, како на пример носење меч на појасите.

Тие за возврат го направиле она во што биле најдобри - направиле два леба: еден кој го викале kaisersemmel (кајзерземел), германско име за царска лепиња, и друг кој се викал kipferl (кипферл) или hornchen (хорнхен), што на германски значи полумесечина.

Тоа лепче во облик на полумесечина било поради австриско-полската победа над Османлиите, кои со себе носеле знамиња и бајраци со полумесечина. Токму кипферл денес се смета за претходник на познатиот кроасан.

Како кипферл станал кроасан

Во 1839 година австрискиот офицер Аугуст Цанг отворил виенска пекара Boulangerie Viennoise во Париз, која им послужила на париските пекари како инспирација за она што е денес познато како croissant (кроасан).

Французите сепак оставиле својата трага во овој кулинарски специјалитет, малку менуваји го рецептот за денес да го имаме она што тие го нарекле кроасан.

реклама

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Чек дис аут

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Read more

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Read more

Carlsberg го направи најмалото шише пиво во светот: Колку зрно ориз и содржи една капка

Read more

Трамп објави бизарно AI видео во кое игра фудбал со Роналдо

Read more
 

Магазин

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе