Како настанува отпечатокот од прст?

За време на едно неодамнбешнбо истражување откриени се уште некои причинители кои влчијаат на формирањето на отпечатоците од прсти.

Единственоста на отпечатокот од прст е вечна тема на проучување за научниците. Како доаѓа до тоа? Дали може да се регенерира отпечаток од прст? Кои се луѓето без отпечатоци? Барајќи одговори на сите овие и многу други прашања, тие неодамна ги разгледаа сите фактори вклучени во формирањето на отпечатокот и се обидоа да ги откријат точните механизми за создавање на уникатната шема.

За време на истражувањето тие тестирале различни процедури на глувци, човечки ткива, клеточни култури и гени. На овој начин, овој меѓународен тим на истражувачи го усовршил увидот во процесот кој буквално води до набори и релјефи на нашата кожа

Плитки гребени и бразди на кожата кои се наоѓаат на перничињата на човечките прсти почнуваат да се формираат околу 13-тата недела од животот на фетусот, открија научниците.

Монозиготните близнаци се формираат од иста јајце клетка и сперматозоиди, но до моментот на раѓање, секој близнак добива свој сет на генетски мутации во утробата, што ги прави помалку од 100% идентични.

Шансите нивните отпечатоци од прсти да се совпаѓаат при раѓањето се околу 1 на 64 милијарди - или екстремно мали, што значи - никогаш досега не е евидентиран таков случај.

Една од причините зошто близнаците имаат различни отпечатоци од прсти може да биде поврзана со нивниот малку поинаков геном. Но, постојат голем број други суптилни фактори во игра, како што се молекуларните патишта кои споделуваат информации и инструкции помеѓу гените.

Овие се познати како сигнални патеки и се многу чувствителни на мали локални фактори во матката, што значи дека тие се однесуваат различно кај сите, дури и кај близнаците.

Математички концепт

За време на оваа студија, која ја предводеа истражувачи од Универзитетот во Единбург, Шкотска, идентификувани биле три различни сигнални синџири кои се чини дека ги обликуваат нашите отпечатоци: VNT, BMP и EDAR.

Сите три биле идентификувани со набљудување на развојот на човечките клетки во лабораторија. Нивната улога потоа била тестирана на глувци.

Глувците немаат отпечатоци од прсти како луѓето, но имаат попречни гребени на кожата на нивните прсти кои се развиваат на сличен начин, но со помала сложеност.

И кај луѓето и кај глувците VNT патеките се чинело дека го стимулираат растот на гребените во надворешниот слој на кожата на прстите, додека BMP го потиснува формирањето на овие жлебови. ЕДАР сигналите, во исто време, помагаат во обликувањето на големината и растојанието на линиите на кожата што се формираат.

Кога активноста на ЕДАР била намалена во експериментите со глувци, на пример, резултатите не покажале вкрстени линии, туку шема слична на точки.

Моделите на формирање на линии на кожата произлегуваат од она што е познато како систем на Тјурингова реакција-дифузија, и се чини дека ова е важна причина зошто секој отпечаток од прст изгледа толку различно.

Тјуринговата шема е всушност математички концепт развиен од Алан Тјуринг во 1952 година за да објасни како лентите и точките во природата покажуваат случајни, ситни разлики во нивната структура.

Постои многу конфузија и варијабилност за тоа како линиите и другите делови од релјефот на кожата се наредени на крајот од процесот, што е многу тешко да се предвиди бидејќи целиот процес е многу хаотичен.

Како и лентите на зебрата, научниците мислат дека оваа сложеност е дел од она што води до таква „богато детална фина структура“ во секој од нашите отпечатоци од прсти.

Кај луѓето, обрасците имаат тенденција да се формираат на перничињата на прстите. Логично, ако се формираат повеќе линии за краток временски период, тие се создаваат поблиску една до друга. Кога овие линии ќе се сретнат со гребените на другиот дел од врвот на прстот, тие почнуваат да се вртат, создавајќи лакови и јамки еден околу друг.

Времето, местото и аголот на линиите исто така зависат од околината што ја обезбедува матката. Исто така, кога подоцна во текот на развојот на плодот, во периодот кога се формираат потните жлезди на врвовите на прстите, отпечатоците создаваат дополнителни особености што ги разликуваат од другите отпечатоци.

Истражувачите велат дека сите овие фактори работат заедно за да формираат сложен и динамичен систем на развој - таков што води до „бесконечна варијација во човечките отпечатоци од прсти“ што ги гледаме и користиме за идентификација.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Наука

Снимки стари 30 години ја откриваат мистеријата на Венера

Read more

Зошто одеднаш има толку многу вируси?

Read more

Девет најимпресивни кратери на Земјата

Read more

Дали машките парови ќе можат да имаат деца во иднина?

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе