Како научив да кажам „НЕ“ и тоа ми го смени животот?

Самата помисла да одбиете некого за што било ве потресува до коска? Се чувствувате лошо ако кажете „НЕ“, тоа ве прави лош пријател, колега, ќерка, син, родител, партнер?

Илустрација: Алис Молон за New York Times

Погрешно! Кога кажувате „ДА“, а всушност знаете дека немате време, енергија, па ни волја да го истерате тоа ветување до крај, вие сте лоши за себе и за личноста на која ѝ кажувате „ДА“.

Не сте себични ако кажете „НЕ“ одвреме-навреме. Треба само добро да се организирате и да си поставите приоритети. Еден од тие приоритети треба да сте самите вие.

Ова го споделувам со вас бидејќи и јас бев порано таа личност која „од прва“ кажуваше „ДА“ и иако имав само најдобри намери да бидам некому од помош, единствената личност на која најмалку ѝ помагав бев јас. Бев уморна, исфрустрирана, растргната и најчесто незадоволна. Во некои полоши сценарија – разочарана и недоволно ценета. Најголем дел од причините за тоа се сведуваа на фактот дека не знаев да кажам „НЕ“ на ангажмани, услуги, време поминато заедно... мислејќи дека ги оставам на цедило или полошо – не сум добра личност.

Откако научив да кажувам „НЕ“, верувам дека станав подобра верзија на сите мои улоги: дете, колешка, шеф, пријателка, партнерка... Промената секако, не се случува преку ноќ, но можам со вас да споделам што и како научив за да стигнам до ефективно „НЕ“ без грижа на совест.

Научив дека сѐ почнува со првиот мал чекор – првото „НЕ“. Научив дека треба да го кажам директно, без оправдувања, без причини, без давање опции, без одложувања. Едноставно, „Извини, не“.

Научив дека кажувањето „НЕ“ мора да биде отсечно, но љубезно и искрено. Не ја одбивам таа личност засекогаш, туку тогаш, во таа ситуација не сум на располагање. Тоа не значи дека нема да бидам тука за неа во иднина, туку дека не можам сега.

Научив да препознавам тактики и манипулации. Ова можеби ќе ви се покаже како тежок чекор, особено кога ќе препознаете некои од „симптомите“ кај драги луѓе. Тоа не значи дека треба да ги исклучите од вашиот живот или никогаш веќе да не направите ништо за нив, туку дека помагањето и правењето услуги е двонасочен однос и секој треба да го дава својот придонес.

Научив да поставам граници. Има неколку луѓе во мојот живот за кои најверојатно би направила сѐ, во секое време. Тие луѓе се бројат на една рака, а за останатите научив да поставам граници за тоа што, кога и колку можам да направам без да ги жртвувам моето време, енергија, мир и сила. Исто така, мора да го земете предвид и времето што им го одземате на вашите најблиски правејќи услуги за луѓе кои не го ценат тоа доволно.

Научив да делегирам. Секако, има ситуации во кои кажувам делумно „НЕ“. Што значи тоа? Ако некој ме замоли да направам неколку работи или услуги, правам ревизија на „листата“ и кажувам што можам, а што не можам да направам. Исто така, прашувам кое од барањата е со највисок приоритет и по тој редослед ги средувам, а по потреба ги делегирам обврските.

Научив да бидам одлучна во моето „НЕ“. Ова има врска со првата научена работа – да не се преиспитувам и да не се карам себе си зошто сум рекла „НЕ“. Штом сум одлучила дека немам време, волја или енергија да направам нешто, стојам зад таа одлука. Кога станува збор за работен ангажман, научив дека понекогаш е подобро да не влегувам во некој проект за да имам енергија за нешто поголемо. Во работни ситуации, мојот совет е да се потрудите да дадете препорака за некој друг.

За крај, научив да бидам себична. Секако, ме сфаќате дека тоа значи да се ставам себе си на прво место, за да бидам најдобрата верзија на себе за оние нешта и луѓе за кои одлучно велам „ДА“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе