Charisma On Command продолжува со одличните совети за самонапредување и градење на вашите социјални вештини преку реални примери.
Овојпат темата е како никогаш да не ви се потрошат темите за разговор, односно како да не бидете здодевен соговорник.
Водејќи се по позитивниот пример на харизматичниот шоумен Крег Фергусон, се објаснува кои се насоките по кои треба да се придржувате, кои лекции добро да ги научите, а кои навики да ги изгубите, ако сакате да бидете пријатно друштво во секоја прилика.
Спонтаноста, секако, ќе ве однесе далеку, но има и однесувања кои можете да ги научите или барем да ги рафинирате.
Некои од советите се да не одговарате буквално на секое прашање што ви се упатува вам или во друштвото, да се опуштите и да се смеете, да се шегувате, но не на туѓа сметка, да не брзате во кажувањето на шегите, да се насмеете на своја сметка во пристојна доза и да делите искрени комплименти.