ЕВРОПСКИ ТЕСТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ СУДИР

Како новиот Golf го помина креш-тестот на Euro NCAP?

Осмата генерација на најпродаваниот модел на Volkswagen беше ставена на тестот за безбедност Euro NCAP.

Новиот Golf 8 има свеж дизајн, напредна технологија и различни економични мотори, а целта му е да ја задржи титулата на најпродаван Volkswagen модел во историјата на германскиот гигант.

Сега „осумката“ беше ставена на тестот Euro NCAP каде „положи“ со пет ѕвездички – резултатите покажаа дека патничката кабина на овој Golf останала стабилна при фронтален удар.

Сепак, тестирањето покажа дека се отвориле задните врати, а тоа претставува опасност за патниците назад кои во случај на удар би можело да излетаат од возилото.

Генералниот секретар на Euro NCAP Михиел ван Ратинген изјави дека денес е реткост да се отворат задните врати при креш-тест и дека е многу важно VW да ја најде причината за тоа.

Новиот Golf исто така добро се покажал во поглед на заштитата во сте категории.

Опремен е со автономен систем за кочење во итни ситуации (AEB), кој е дел од стандардната опрема на „осумката“.

Одлично се покажа и во одбегнувањето судири во сите сценарија на тестот при помали брзини.

Покрај Golf 8, по пет ѕвездички за безбедност добија и Audi Q8, Ford Puma, MG HS и Nissan Juke.

Volkwagen Up, Škoda Citigo и Seat Mii изгубија по две од петте ѕвездички добиени на претходното тестирање.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе