Како новиот Maserati MC20 ќе „крене“ 613 коњски сили?

Maserati MC20, што е кратенка за Maserati Corse 2020, требаше да има премиера во мај годинава во фабриката Viale Ciro Menotti, но пандемијата на коронавирусот го одложи дебито за септември.

Од Maserati сѐ уште не откриваат детали, но се знае дека Maserati MC20 ќе биде суперспортски автомобил кој претставува природна еволуција на претходно мошне успешниот модел MC12. Од Maserati потсетуваат дека MC12 во текот на својата историја забележал 22 победи и 14 шампионски титули, од кои последната во 2010 година. Со MC20 во Maserati посакуваат да го вратат приматот на компанијата на тркачките патеки, а воедно автомобилот ќе претставува и почеток на нова ера за италијанската компанија и ќе добие и електрична варијанта.

Една од верзиите на Maserati MC20 ќе има 3,6-литарски V6 twin-turbo мотор со 613 КС, со осумстепен менувач со двојна спојка и со погон на задните или сите четири тркала. Потоа ќе пристигне и хибридната верзија, како и целосно електричната варијанта која ќе располага со три електромотори, погон на сите четири тркала, батерии од 800V, голема автономија на движење и брзо време за полнење.

Автомобилот ќе добие оригинална Ф1 технологија, а првите испораки се очекуваат во 2021 година. Една година подоцна ќе пристигне и Cabrio варијантата на моделот.

Како новиот Maserati MC20 ќе „крене“ 613 коњски сили? DriveTribe го имаат одговорот:

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе