Новогодишната прослава во Пекинг го импресионира светот, а примената на висока технологија предизвика незаборавни глетки.
Одбројувањето на последните секунди од 2021 година над Олимписката кула, симболот на овогодишните Зимски олимписки игри, беше проследено со употреба на 3Д холограмска технологија.
Според пишувањето на кинеските медиуми, со овој спектакл е претставено културното богатство на Пекинг, Олимпијадата и дочекот на 2022 година. Властите се надеваат дека ова ќе биде одлична увертира за Зимските олимписки игри.
Порачуваат дека Пекинг на овој начин им посака се најдобро во новата година на луѓето од целиот свет, повикувајќи да се гледа на иднината.