Никој не би посакал деновиве да им биде во кожа на жителите на градот Џаипур откако милиони џиновски скакулци извршија инвазија.
Џаипур е 3-милионски град и престолнина на сојузната држава Раџастан. Деновиве беше нападнат од милиони џиновски скакулци од видот Locustа од фамилијава Acrididae.
Скакулците прво ги запоседнале крововите на куќите и здрагите, а потоа се преселиле и низ улиците правејќи го животот на локалното население невозможен.
Граѓаните се обиделе да ги бркаат со бучава, најчесто тропајќи со тенџериња, но безуспешно.