Како омилените „Пријатели“ би ја опишале оваа ужасна 2020?
Ја живееме најчудната година во поновата историја на човештвото. Светот го зафати пандемија на болест за која уште малку се знае и од која уште се разболуваат и умираат стотици илјади, па и милиони луѓе.
Во целата оваа непозната средина, сите ние реагиравме различно и ни се случуваше (и уште ни се случува!) вистински ролеркостер од емоции.
На светлата страна на нештата, некој имал вишок слободно време и го составил ова видео со реплики од популарната серија „Пријатели“ (Friends) кои совршено ја објаснуваат годинава.