Како овој јануари да биде најдобриот во вашиот живот?

По празниците, најчесто не обзема мачно чувство на истрошеност. Како да го поправите јануари?

Следете го планот на Енди Коуп и Енди Вокер, авторите на книгата “Да се биде извонреден е уметност”:

- Вежбајте го принципот 10/5. Насмевнете му се на секој што ќе ви се приближи на 10 чекори, кажете му добар ден на секој кој ќе ви пријде на пет.

- Зборувајте убаво за луѓето кои не се присутни. Ем ќе се чувствувате убаво, ем луѓето со кои разговарате ќе мислат дека сте прекрасна личност (како што и навистина сте). Не озборувајте, говорете убаво за луѓето.

- Направете список на работи поради кои би требало да бидете благодарни. На пример: здравјето, семејството, љубовта… Доколку го славите Божиќ, поминете ги Бадник и Бадниковата вечер  со семејството, без расправии и препукувања за било што.

- Божиќ е време за радост. Дури и доколку не го славите, ова е добар ден за да направите список на десет најсреќни моменти во животот. Кога ќе го завршите, ќе забележите дека сите десет имаат поврзаност со искуства и емоции, а не со материјални добра.

- Присетете се на личностите кои ви се нашле кога ви било тешко во животот. Јавете им се, пратете им порака и кажете им колку тоа ви значело.

- Променете го пристапот. Наместо да го прашате партнерот како го поминал денот, прашајте го што е најубавото нешто што му се случило во денот. Потоа, внимателно слушајте го и радувајте се заедно.

- Насмевнете се. Дури и кога свесно го правиме ова, нашиот мозок прима сигнал дека сме среќни и веднаш се чувствуваме подобро.

- Променете го аголот на гледање на работите. Наместо да чекате викенд или да преживувате до наредниот годишен одмор, уживајте во денот пред вас. И секој нареден.

- Запишете ги своите пет особини на кои сте горди.

- Кога ќе се соочите со проблем, оценете го на скала од еден до десет, каде десет е смрт. Доколку нема врска со десет, надминете го тоа.

- Поминувајте помалку време со виртуелните пријатели, а повеќе со вистинските.

- Пофалете ги луѓето околу вас за вложениот труд, а не за тоа што го постгнале на крајот.

- Доколку имате деца, читајте им пред спиење колку што сакаат. А потоа гледајте ги како зрачат со спокој во сонот.

- Поканете го на гости некого кого го сакате, а за кого обично немате време. 

- Заинтересирајте се за други луѓе. Кога некого ќе го прашате како е, застанете и вистински слушајте што ќе ви рече.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more
 

Магазин

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе