Стил

Како подолго да го задржите исончаниот тен по враќање од одмор?

19. август 2018 - 17:14 | А.С.

Се вративте од одмор со прекрасен исончан тен и сакате што подолго да ја задржите бојата. Меѓутоа, сите знаеме дека постепно ќе избледи и до октомври ќе се вратите на вашиот природен тен. Сепак, има трикови со кои можете да го забавите тој процес и подолго да го задржите исончаниот тен.

Процесот треба да почне уште пред да почнете со сончање, со темелен пилинг со кој ќе го отстраните слојот мртви клетки на површината на кожата и ќе дозволите сончање на новиот слој. Со овие трикови ќе успеете подолго да ја задржите бојата, дури и ако сте го скокнале овој чекор.

Влажност

Две работи никогаш не се премногу кога станува збор за одржување на влажноста на кожата, особено исончаната – количина на средство за хидратација и колку пати во денот го нанесувате. На тој начин, кога ќе почне природниот процес на остранување на горниот слој мртва кожа, тоа ќе се одвива побавно и понезабележително. Хидратантбите креми и кокосовото масло се идеални за оваа намена.

Полека со топлата вода

Жежок туш или топла купка можеми звучи релаксирачки, но тоа само дополнително ќе ја исуши кожата и ќе го забрза лупењето на горниот слој. Бањајте се со средно топла или млака вода и не користете премногу ароматизирани гелови и купки што содржат парфеми.

Бидете нежни при чистењето на кожата

Отстранувањето на слојот мртви клетки од кожата е неопходно и неизбежно, но вниметелно со чистењето. Користете благ пилинг со фини честички, а за бањање потребете четка со меки влакна или морски сунѓер.

Пијте вода

Хидратацијата е важна однадвор и одвнатре. Пијте доволно вода и негазирани пијалаци во текот на денот, особено ако сте јаделе солена храна.

Коментирај