Како помалку да го користите телефонот?

Ви се чини како невозможна мисија? Не е толку тешко.

Многумина од нас се потпираат на паметните уреди скоро во сите свои секојдневни активности: од будење наутро до убивање досада. Сепак, постојат начини да се намали користењето на смартфонот, особено ако спаѓате во онаа група на луѓе кои речиси заборавиле како да живеат без него.

Не го носете смартфонот во спалната соба

Откако се појавија мобилните телефони, скоро сите ги користиме како аларми што нѐ будат наутро, што значи дека тие се последното нешто што го гледаме навечер пред спиење и првото нешто што го гледаме наутро кога ќе ги отвориме очите. Студија од 2017 година откри дека „користењето социјални мрежи во последните 30 минути пред спиење кај возрасните е поврзана со нарушувања на спиењето“, пишува британски Guardian.

Затоа, обидете се да го полните телефонот надвор од спалната соба и да купите вистински часовник/аларм што ќе ѕвони наутро и ќе ве разбуди.

Контролирајте ги нотификациите

Дури и ако успеете да го оставите телефонот настрана некое време, веројатно ќе вибрира на секои неколку секунди, како да ве моли да го земете повторно. Одвојте малку време и поставете ги нотификациите на малку поинаков начин. Центарот за хумана технологија (CHT) - непрофитна организација основана од менаџерот на Google Тристан Харис, која им помага на луѓето „да живеат поцелисходно со своите уреди“ - препорачува блокирање на сите нотификации што не ги испратиле луѓе. Ова практично значи дека се дозволени известувања од апликациите за испраќање пораки, но не и такви како „на 14 пријатели им се допадна вашата фотографија“.

Активно ограничете го времето поминато пред екран

Android и iOS, двата најпопуларни оперативни системи, имаат можност да следат колку време поминувате пред екранот и нудат неделни извештаи за тоа колку пати посегнувате по телефонот, колку часови го користите дневно и кои апликации ги користите најмногу. Наместо само да ги читате овие извештаи, применете проактивен пристап: вклучете ограничувања на апликациите чија употреба сакате да ја намалите. На пример, ограничете го Twitter на еден час на ден. Се разбира, можете да го надминете поставеното време, но овие ограничувања може да ви помогнат да се ослободите од пасивното скролање.

Исклучете ги боите на екранот

Ако ги поставите боите на екранот на „ grayscale“, ќе воочите дека реалниот живот е секогаш поживописен. Корисничкиот интерфејс е дизајниран така што секогаш се враќаме да уживаме во живописните бои на екранот уште некое време.

Бонус совет: Технологијата не мора да ги решава сите наши проблеми. Пред да го земете телефонот, прашајте се: „Зошто го правам ова?“ Понекогаш е доволно само да се поштедите од бесмислено скролање само затоа што ви е здодевно додека се возите во лифт.

реклама

Италија личи на чизма, Албанија на кондом, а Македонија?

Read more

Дали може да опстои бракот без секс?

Read more

Нови мерки за влез во Швајцарија - новина и за невакцинираните

Read more

Највисоките дрвја во светот завиткани во огноотпорни ќебиња за заштита од пожар

Read more

Живот

Што треба да знаете пред да почнете свој бизнис?

Read more

Холанѓаните се смалуваат, но сепак се највисоките луѓе во светот

Read more

Луѓето родени во најреткиот хороскопски знак се навистина посебни

Read more

Сакаат сѐ, веднаш: Најнестрпливи хороскопски знаци

Read more
 

Магазин

Дали може да опстои бракот без секс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Италија личи на чизма, Албанија на кондом, а Македонија?

Читај повеќе

Жестока дебата: Кој треба да прими трета доза од вакцината против ковид?

Читај повеќе

Човекот кој можеше да го спаси „Титаник“ не добил дозвола да се качи на бродот

Читај повеќе

Зошто имаме желба за благо после јадење?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што треба да знаете пред да почнете свој бизнис?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Мелено месо со зеленчук во бел сос

Читај повеќе

Пет причини зошто секс после тренинг е супер идеја

Читај повеќе

Холанѓаните се смалуваат, но сепак се највисоките луѓе во светот

Читај повеќе