Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Астрологијата открива што ве очекува за време на коридорот на помрачување до 29 март 2025 година.

Овој коридор почна со целосно помрачување на Месечината во Девица и завршува со делумно помрачување на Сонцето во Овен, отворајќи ја вратата за промени кои ќе влијаат на сите знаци на хороскопот.

Помрачувањата носат откривање на скриените вистини, но отвораат и нови прашања. Проблемите кои биле потиснати би можеле да станат неизбежни, што значи дека ќе бараат итно решение. Ова е можност подлабоко да го погледнете сопствениот живот и односите со другите.

Помрачуивањето на Месечината во Девица донесе најголеми промени во областа на работата, кариерата и здравјето. Сè што се случи беше многу динамично, но долгорочно ќе донесе стабилност и јасност.

Помрачување на Сонцето на 29 март 2025 година

Делумното помрачување на Сонцето во Овен ќе поттикне лични промени и смели одлуки. Ова ќе биде вистинско време да се ослободите од сè што ве кочи и да ја насочите вашата енергија кон остварување на сопствените цели.

Ова е период на интензивна емоционална напнатост, па затоа би било добра идеја да избегнете избрзани одлуки. Пред да направите чекор од кој нема враќање, одвојте време добро да размислите.

Влијанието на помрачувањето врз хороскопските знаци

ОВЕН

Ви претстојат предизвици кои ќе ги тестираат вашите сили и трпение. Потпрете се на сопствената внатрешна стабилност.

БИК

Ќе ја преиспитате вашата комфорна зона и ќе сфатите дека промените се неопходни. Дури и малите преуредувања може да донесат освежување.

БЛИЗНАЦИ

Комуникацијата ќе биде тешка, па затоа е важно да бидете јасни и прецизни за да избегнете недоразбирања.

РАК

Чувствата ќе бидат нагласени, поради што ситуациите во кои се наоѓате би можеле да бидат многу предизвикувачки за вас. Најдете утеха во активностите кои ве смируваат.

ЛАВ

Минатите успеси повеќе нема да одекнуваат исто. Време е да поставите нови цели.

ДЕВИЦА

Овој период ќе донесе низа динамични настани кои ќе ве исфрлат од вашата рутина.

ВАГА

Фокусот ќе биде ставен на врските. Неопходно е да се најде рамнотежа и да се одржи хармонија во интеракциите со другите.

СКОРПИЈА

Ќе откриете неочекувани вистини кои би можеле да ви го променат погледот на светот.

СТРЕЛЕЦ

Ќе почувствувате потреба за самоанализа, но важно е да не залутате премногу длабоко во апстрактни мисли.

ЈАРЕЦ

Плановите кои внимателно сте ги изградиле би можеле да се променат. Прифатете дека настаните добиваат непредвидени кривини.

ВОДОЛИЈА

Креативноста и ентузијазмот ќе бидат на врвот. Користете ги за позитивни промени.

РИБИ

Ќе ви се зајакне интуицијата што ќе ви овозможи да најдете одговори на важни прашања.

Тагови
реклама

Живот

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Read more

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Read more

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе