Како правилно да го проверите нивото на масло во моторот?

Секој возач треба да знае како да го провери нивото на моторното масло. За жал, многумина не знаат, а не се свесни колку е тоа важно.

Иако оваа тема се чини банална за искусните возачи, дури и меѓу најискусните се водат битки за тоа како правилно да се измери нивото на моторното масло. Дури ни мајсторите не се согласуваат едни со други.

За среќа, постојат фабрички упатства што доаѓаат со автомобилот. Но, оваа среќа е краткотрајна кога ќе прочитате десетина различни - за модели од различни брендови од различни периоди.

Проблемот е во тоа што не сите производители советуваат да се проверуваат нивоата на моторното масло на ист начин. За среќа, прифатливото ниво на масло има солидна толеранција, па дури и ако не направите сé како што е пропишано од производителот, генерално нема да има проблеми.

Пред сé - прочитајте го упатството за вашиот автомобил

Не секој мотор е со иста конструкција, тој не користи иста количина на масло, не користи исто масло и слично, така што сите овие фактори можат да влијаат на брзината на проток на маслото во картерот по гасењето на моторот.

Затоа, прочитајте што препорачува производителот на автомобилот.

Чекор по чекор

1) „Доведете го“ моторот до работна температура - ова најбрзо ќе го направите со возење. (Постојат исклучоци каде се мери нивото на маслото додека моторот е ладен)

2) Паркирајте го автомобилот на хоризонтална површина.

3) Исклучете го моторот.

4) Почекајте 5 до 10 минути.

5) Извадете ја шипката за масло.

6) Избришете ја со чиста крпа или марамче.

7) Ставете ја шипката назад од каде што сте ја извадиле.

8) По секунда или две, извадете ја повторно.

9) Погледнете колку шипката (мерниот дел) е „натопена“ во маслото.

Да речеме дека е идеално да се биде помеѓу средниот и максимумот на мерниот дел. Мерниот дел може да се изведе на различни начини, но вие ќе го препознаете.

Во основа, има ознаки за минимум и максимум. Ако нема доволно масло, додадете, НО не премногу! Почекајте една минута, а потоа проверете повторно.

Некои производители го препорачуваат следниов метод за надополнување. Додадете масло, вклучете го моторот и оставете го да работи неколку секунди, исклучете го, а потоа почекајте неколку минути и повторно проверете го нивото.

Овој начин на полнење според некои е целосно непотребен, иако производителите кои велат дека на нивните возила на овој начин им се додава масло, веројатно имаат некоја причина за тоа.

Нам ни останува само да ве советуваме да го послушате производителот на вашиот автомобил.

Зошто нивото на маслото не се мери на ладно?

Од многу практични причини. Мерната шипка е „калибрирана“ така што го покажува нивото на врело масло што се влева во картерот 5-10 минути по исклучувањето на моторот.

Благодарение на ова, маслото можете да го проверите во кое било време додека возите, на пр. ако се сомневате дека нешто не е во ред или е чисто превентивно.

Замислете да одите на долго патување и да сакате да го проверите нивото на маслото по стотици поминати километри. Колку долго ќе треба да чекате среде лето за да се олади моторот?

Сепак, постојат мотори каде се мери нивото на маслото кога моторот се лади.

Вишокот масло е опасен

Кога додавате масло, не претерувајте. Вишокот масло може да доведе до разни проблеми и многу скапи дефекти.

Затоа нивото на маслото никогаш не смее да го надмине максималното.

Некои автомобили немаат шипка

Кај нив маслото се мери автоматски и во случај на потреба, возачот се известува дека е потребно да се додаде масло.

Од една страна, ова е одлично затоа што возачот ќе биде известен навреме, бидејќи многумина забораваат дека маслото мора да се проверува помеѓу помалите сервиси.

Од друга страна, ова е уште еден „генијален“ начин како поради откажување на сензор или електрониката воопшто, може да настрада целиот мотор, плус некои други придружни компоненти/системи, а со тоа се јавува катастрофално оштетување.

Затоа, најдобрата комбинација е постоењето на класична мерна шипка и електронски систем за предупредување дека е ниско нивото на масло.

Прекумерната потрошувачка на масло не е минато

Се чини парадоксално, но многу возачи се убедени дека проблемот со значителна потрошувачка на масло и неопходните чести проверки се „резервирани“ само за старите автомобили и оние чиј мотор е во лоша состојба.

За жал, дури и скоро целосно нови автомобили денес можат да трошат толку многу масло, што е потребно да се провери нивото на маслото буквално на 500 километри.

И не, ова не важи само за некои „евтини“ брендови - голема потрошувачка на масло кај исправно возило старо едно година може да биде присутна во најлуксузните автомобили на премиум производители.

Така, кај одредени возила, не се смета за проблем дури и ако на 1.000 поминати километри од моторот „исчезнат“ на пр. 0,8 литри масло. Дали разбирате сега колку е важно редовно да се проверува нивото на моторното масло?

Заклучок

За среќа на сите возачи, моторите се доста толерантни на разликите во количината на масло што ја имаат, па дури и ако погрешно го измерите нивото на маслото, има малку шанси да го уништите моторот или нешто друго сè додека годржите нивото на масло помеѓу минимум и максимум.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе