Како Правилото Босман го промени фудбалскиот свет?

Денеска и официјално беше потврден трансферот на Арон Ремзи во Јувентус, а тој ќе му се приклучи на италијанскиот шампион по крајот на оваа сезона, откако ќе му истече договорот со Арсенал. Овој трансфер се случува благодарение на Правилото Босман. Што е тоа и како се применува во светот на фудбалот?

Правилото Босман овозможи поголема динамика и слобода во модерниот фудбал, преку тоа што му дозволува на фудбалерот да направи трансфер во друг клуб откако ќе истече неговиот договор, без притоа клубот со кој потпишува да има обврска да плати обесштетување за неговиот трансфер.

Годината е 1990, а договорот на белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман со неговиот клуб Лиеж истекува, по што тој решава да направи трансфер во францускиот клуб Дункерк. Но, од Дункерк велат дека немаат намера да исплатат трансфер отштета за него и Босман, а Лиеж нема намера да го пушти играчот без да добие пари за возврат. Босман е принуден да остане во Лиеж, но клубот решава да му ја намали платата бидејќи тој повеќе не е првотимец.

Бидејќи се чувствува оштетен, Босман решава да го изнесе неговиот случај пред Европскиот суд, каде цитира неколку од правилата наметнати од ФИФА кои се однесуваат на слободното движење на фудбалерите. На 15 декември 1995 година, Судот одлучува дека фудбалерите можат слободно да прават трансфер во други клубови откако нивниот договор ќе заврши, а бидејќи ова правило е инспирирано од случајот на Жан-Марк Босман, Судот решава да биде именувано по белгискиот фудбалер. Доколку сакате да дознаете повеќе за Правилото Босман, можете да го погледнете видеото на Tifo Football, кое детално го објаснува процесот на настанување на истото.

Низ годините, правилото доживеа неколку мали измени, но суштината остана иста: слобода на движењето на играчите кои не се обврзани со договор. Најпознатите трансфери направени користејќи го Правилото Босман се: трансферите на Едгар Давидс од Ајакс во Милан (1996); Стив Мекманаман од Ливерпул во Реал Мадрид; Сол Кемпбел од Тотенхем во Арсенал, Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен и Андреа Пирло од Милан во Јувентус.

Последен во низата е трансферот на Арон Ремзи, чиј договор со Арсенал истекува на крај од оваа сезона. Благодарение на еден од членовите во Правилото Босман, Ремзи имаше право да преговара со други тимови шест месеци пред да истече неговиот договор, па тој реши кариерата да ја продолжи во италијанскиот шампион Јувентус.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе