Живот

Како принцезата Дијана се соочила со Камила, љубовницата на Чарлс

11. август 2017 - 12:16 | А.С.

Принцезата Дијана била апсолутно преплашена на денот кога решила да се соочи со Камила Паркер Боулс во врска со нејзината афера со принцот Чарлс, но била решена да каже нешто.

Според снимките што ќе бидат дел од документарецот „Diana: In Her Own Words“ што ќе има премиера на 14 август на National Geographic, Дијана отишла на роденденската забава на сестрата на Камила каде не била поканета.

Таа сепак решила да се појави и вели дека соочувањето со Камила било „најхраброто нешто што го направила во десетте години брак“.

Соочувањето се случило во 1989 година и покрај другото Дијана ѝ рекла на Камила „Не се однесувај со мене како со идиот“.

 

 

Дијана и Чарлс се разведоа во август, 1996 година, а таа загина во сообраќајна несреќа на 31 август следната година.

Принцот Чарлс и Камила се венчаа во април, 2005 година.

Коментирај