Фудбалерите на Аргентина во првото коло на Светското првенство во Каатр ги разочараа навивачите, па синоќа едноставно мораа да го победат Мексико во дуелот од второто коло.
Со тоа успеаја благодарение на головите на Лео Меси и Енцо Фернандез, а потоа следеше и прослава во соблекувалната. Аргентинците максимално се опуштија и покажаа емоции по триумфот кој ги врати во живот по почетната катастрофа.
Во еден глас ја пееја навивачката песна на репрезентацијата, а Емилијано Мартинез заврши на маса на средина на просторијата и скокаше од среќа.
Меси исто така пееше, гол до половина и со рацете го следеше ритамот на неговите гласни соиграчи.