Како птицата феникс, ова е новото кинеско чудо
Новиот меѓународен аеродром во Пекинг ќе започне со пробна работа во октомври 2019 година, соопштија локалните функционери.
Инженерскиот проект ќе биде завршен во јули 2019 година, а пробната работа ќе почне три месеци подоцна.
Аеродромот, кој се наоѓа 46 километри јужно од центарот на Пекинг, дизајниран е да го намали притисокот од прекумерно преполнетиот Меѓунариоден аеродром во Пекинг.
Зградата на аеродромот, со површина од 313.000 квадратни метри, се состои од централен дел и пет краци, слично како феникс кој шири крилја.
Ќе има четири писти и 620.000 летови годишно.