Како Путин го притиска Балканот да ја поддржи неговата војна во Украина?

И покрај тоа што продолжува да ја води својата варварска и губитничка војна во Украина, рускиот претседател Владимир Путин уште повеќе ги проширува своите амбиции. Русија се обидува да ја поткопа демократијата низ Европа финансирајќи и поддржувајќи екстремно десничарски и пропагандни операции.

Фото: Александар Ѓоровиќ/Sputnik / Profimedia

Путин најде особено плодна почва на Балканот, каде што се обидува да ја поттикне својата идеја дека НАТО е цврсто решен да ги маргинализира рускиот, словенскиот и источниот православен свет. Во центарот на овие напори е Србија, најважната земја на поранешна Југославија која не е членка на НАТО, според анализата на Џејмс Ставридис за Bloomberg и објавена од Washington Post.

„Кога бев врховен командант на НАТО од 2009 до 2013 година, често го посетував Балканот. Алијансата имаше повеќе од 15.000 војници во мировната мисија на Косово, мала отцепена држава која се спротивстави на Србија и прогласи независност. Тој чин предизвика војна во 1999 година во која авионите на НАТО го бомбардираа Белград. Сепак, неодамнешните српски влади се обидоа да ги подобрат односите со Западот и да постигнат членство во Европската Унија“, пишува Ставридис.

Сепак, сè поопасни струи го поддржуваат Путин во Србија, но и во помалите соседни земји. Русија одби да го признае Косово; таа е речиси сигурно одговорна за обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година, а поддржува и сепаратистички елементи во Босна и Херцеговина.

Повеќе од сè, Путин сака да ги држи Србија и Босна надвор од НАТО и ЕУ. Тој, исто така, сака да добие поддршка за неговата катастрофа во Украина, но и да го привлече вниманието на Западот воопшто со создавање тензии, особено меѓу Србија и Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обидува да одржи кревка рамнотежа меѓу Западот и Москва. Неговата влада гласаше за резолуција на ОН за осуда на руската инвазија; минатата недела таа одби да ја признае анексијата на Путин на окупираните територии во Украина; до одреден степен го поддржа снабдувањето со хуманитарна и несмртоносна воена опрема за Украина преку територијата на Србија. За жал, Вучиќ во мај потпиша и договор за снабдување со гас со Русија.

Во комплицираната политичка сцена во Босна и Херцеговина, Путин продолжува да собира поддршка. Минатиот месец беше домаќин на Милорад Додик, тврдоглав српски националист кој го предводи ентитетот Република Српска. Не е тешко да се посомневаме дека Додик нема да има проблем да биде подготвен да ја уништи сопствената земја за да му угоди на својот господар во Москва.

Како може Западот да одговори на овие руски напори?

Задржувањето на преостанатите 3.500 мировници е важно, но тоа нема да направи разлика. Вистинските тензии се префрлија на информациска војна и економско вклучување.

Кога станува збор за информации, Москва има предност. Руските власти се длабоко вклучени во ширењето лажни наративи за војната, обидувајќи се да ја претстават руската „специјална воена операција“ како сесловенска мисија за обединување на одметнатите Украинци со Мајка Русија. Ваквиот наратив е успешен кај екстремната десница, што е и очекувано, но и кај целата популација. Анкетата од јуни покажа дека речиси две третини од Србите веруваат дека НАТО е виновен за војната, а само 10 отсто сметаат дека Русија е главно или единствена одговорна.

За среќа, Москва има малку да понуди во однос на економските стимулации. Српскиот извоз во Европа е речиси 15 пати поголем од извозот во Русија, а со членството во ЕУ таа бројка само би растела. Краткорочно, и Србија и Босна сакаат да ја задржат можноста нивните граѓани да патуваат во ЕУ без визи, додека земјите од Унијата се повеќе ги затвораат вратите за Русите.

Клучната порака за САД, ЕУ и НАТО е едноставна: тие не смеат да го земаат Балканот - а особено Србија и Босна - здраво за готово. Двете нации треба да бидат на постепен пат кон членство во ЕУ, дури и ако понекогаш не се совршени сојузници против Русија, а НАТО треба да продолжи тесно да соработува со нив во воената обука и вежби.

Русија ќе продолжи да се обидува да создаде раздор во односите меѓу Балканот и Западот. Србија и Босна мора да сфатат дека, иако Москва може да понуди снабдување со природен гас, таквото тактичко искушение не е ништо во споредба со стратешката вредност на поширокото членство во Западна Европа.

реклама

Исплива видео со Ивана Кнол од 2016: Како изгледаше порано „огнената“ Хрватка?

Read more

Од полноќ поголемо намалување на цените на горивата

Read more

Ана Брнабиќ: Србија е на раб на војна со Косово

Read more

Путин со шампањ в рака објасни зошто нема да прекине со напади

Read more

Свет

Уапсени четири лица под сомнеж за корупција во Европскиот парламент

Read more

Платениците на Вагнер се приклучија во безмилосната борба за Бахмут

Read more

Моментот кога кошаркарката Грајнер беше разменета за рускиот „трговец на смртта“

Read more

Екстремизмот во германската војска може да стане проблем за цела Европа

Read more
 

Вести

Уапсени четири лица под сомнеж за корупција во Европскиот парламент

Читај повеќе

Наташа Габер-Дaмјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Читај повеќе

Платениците на Вагнер се приклучија во безмилосната борба за Бахмут

Читај повеќе

Ќе се дише ли зимава?

Читај повеќе

АХВ: Регистрирана афиканска чума во одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа

Читај повеќе

Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година

Читај повеќе

Лажни и денешните дојави за бомби во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Моментот кога кошаркарката Грајнер беше разменета за рускиот „трговец на смртта“

Читај повеќе

Ана Брнабиќ: Србија е на раб на војна со Косово

Читај повеќе