Рускиот претседател Владимир Путин го прославува својот 67. роденден во тајга далеку од Кремљ, заедно со неговите колеги.
Слободните денови се реткост во распоредот на Путин, затоа ја користи секоја прилика да замине во природа. Овојпат, тој го прославува роденденот во сибирска тајга со своите колеги.
Видеоснимките кои ги објави Кремљ, го прикажуваат Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како се пробиваат низ дивината.
Путин ужива во погледот седејќи на стрмниот врв.
Авантуристичките патувања на рускиот лидер секогаш привлекуваат внимание на јавноста. Неговите активности како риболов, лов и јавање коњи се тренд на интернет.