Свет

Како Путин ќе ги брани недопрените богатства на Арктикот?

13. јули 2018 - 13:58 | М.Д.

Топењето на мразот на Арктикот, проследено од глобалното затоплување, отвора нови трговски рути помеѓу Европа и Азија, па во блиска иднина може да се очекува да се водат многу повеќе расправии, околу дното на океанот под мразот на Арктикот.

Претпоставките велат дека таму се наоѓа четвртина од сите светски резерви со нафта и гас, што е само една од причините за освојување на ледениот врв на светот. Топењето на мразот ќе отвори директна рута долж рускиот брег, поради што тој дел од светот станува исклучително значаен.

Рускиот претседател, Владимир Путин е свесен за тоа, па затоа веќе формираше воени бази и области задолжени за контрола на замрзнатиот север. Русија, така, веќе распореди 28 бродови и 42 подморници, како и две единици на копнената војска, посебно опремени за војување во екстремни зимски услови.

За тоа цел, 80. Самостојната арктичка моторизирана бригада на руската војска, опремена е со нова посебна верзија на познатиот хеликоптер Mi-8 (Mi-8AMTSh-VA), кој е способен за функционирање и на температури од минус 60 степени Целзиусови.

За превоз на војниците и опремата на копно, задолжен е GAZ-3344-20, транспорттер кој може да оди и по вода. Може да пренесе 12 војници под полна опрема или околу три тони товар, а има максимален домет од околу 450 километри.

Другата единица, 200. Самостојна моторизирана бригада, всушност е елитна тенковска единица опремена со тенковите T80, посебно модернизирани за војување на Арктикот.

Иако постар модел, овој тенк сепак служи како добра основа за таква модификација. Негова особеност е тоа што за погон користи турбина, иако е вообичаено таквите тенкови да користат дизел мотори.

Главна карактеристика на овие тенкови е тоа што, во тешки зимски услови, во период од само една минута можат да тргнат од место, додека на тенковите со дизел мотори, за такво нешто им се потребни и до 45 минути.

Коментирај