Како Путин му даде дипломатски гол на светот?

Кремљ можеби „завојува“ со Западот, но остатокот од светот оди токму кај Владимир Путин, бидејќи Русија е таа која е домаќин на Светското првенство во фудбал, оценува „CNN“.

И во оваа ситуација рускиот претседател Владимир Путин освои важни дипломатски голови – светските лидери одат во Москва да гледаат натпревари, кревајќи го на тој начин угледот на Путин и ставајќи ја Русија во центарот на геополитичките случувања, вели анализата на споменатата американска медиумска куќа.

Според наведен пример во оваа анализа на „CNN“, убедлива победа забележа Русија на стартот од првенството, против Саудиска Арабија, а во свечената ложа Путин го пречека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Селекцијата на Саудиска Арабија загуби од Русите со убедливи 5:0, но Путин и саудискиот принц се погрижија на светот да му покажат дека тие се согласни околу светската цена на нафтата.

Офанзивниот „шарм на Путин на Светското првенство“ е продолжен. „На нозе“ му дојде и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, за заедно со рускиот претседател да го гледа натпреварот помеѓу Португалија и Мароко.

Исто така, на Путин домаќин ќе му биде и јужнокорејскиот лидер Мун Џае-ин, краток временски период по историскиот самит помеѓу севернокорејскиот лидер и претседателот на Америка во Сингапур.

„CNN“ пренесува дека Мун најпрво ќе одржи говор во руската област Дума, за потоа да отпатува во Ростов, каде ќе го гледа натпреварот помеѓу селекцијата не неговата земја и Мексико.

Се проценува дека ова Светско првенство во фудбал ја зајакна улогата на Путин во светот, токму како и Зимските олимписки игри одржани во Сочи 2014 година, кои значеа дека Русија е самоуверена во намерата да се врати на светската политичка сцена со целата своја сила.

А игрите во Сочи се одржуваа токму во периодот кога Русија го анектираше украинскиот остров Крим, потсетува „CNN“. Од тогаш односите помеѓу Русија и западните земји се дополнително нарушени, а на целото тоа придонесе и рушењето на малезискиот авион MH17 над Украина, полн со патници, за што исто така беше обвинета Русија.

Инцидентите за кои беше обвинувана Русија постојано се зголемуваа. Русите беа обвинети за мешање во американските претседателски избори, поради што веќе одамна се врши истрага во САД, обвинение пристигна и за труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија, за протерувањето на дипломатите, за санкции и многу други вакви слични ситуации.

Меѓутоа, целото ова не ги одврати туристите да доаѓаат во Русија, а за работата да биде уште поинтересна најмногу влезници за Светското фудбалско првенство беа продадени токму во Америка, покажуваат официјалните податоци на ФИФА.

А фотографиите од илјадници странски навивачи, кои слават, навиваат и пијат алкохол на улиците ширум руските градови испраќа јасна слика - Русија го пречекува светот со раширени раце и не е изолирана земја.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе