Како Путин реагира додека Лукашенко му држи лекција дека Русите му бегаат

Во време кога Русите на секој начин се обидуваат да ја напуштат земјата поради мобилизацијата, а границите со неколкуте земји кои сè уште се отворени за руските граѓани се практично блокирани, Владимир Путин и Александар Лукашенко се сретнаа во Сочи, каде што белорускиот лидер имаше монолог за време на кој го привлече вниманието на неговиот руски колега на фактот дека неговите граѓани бегаат од војната.

На официјалната веб-страница на Кремљ е објавено видео од средбата на двајцата претседатели, а на неа се гледа како Путин нервозно тропка со ногата на подот, додека Лукашенко објаснува што се случува на границите.

Лукашенко го увери Путин дека ќе победи во војната во Украина и покрај проблемите кои постојано се трупаат во Русија.

Шефот на Кремљ изгледаше непријатно за време на монологот на Лукашенко. Тој на таа средба зборуваше многу малку, а главниот говорник беше Лукашенко.

„Нашата насока е правилна, нашата мисија е исправна. Ние ќе победиме. Немаме друг избор. Ние како Словени не би толерирале понижување“, му рекол Лукашенко.

URL

Сепак, ситуацијата на терен е драстично поинаква. Повикот за мобилизација се покажа како крајно погрешен чекор, имајќи предвид дека стотици илјади Руси бегаат од земјата.

Појдовните летови од Русија се целосно распродадени, а сообраќајниот метеж што води до руските граници е толку голем што може да се види од вселената.

Низ земјата избија антивоени протести, а руските медиуми известуваат за зголемен број подметнати пожари во воените канцеларии. 

Лукашенко исто така привлече внимание на овој проблем, посочувајќи дека оние кои не сакаат да војуваат - бегаат.

„Да речеме дека бегаат 30.000 или 50.000 луѓе. Да останат, дали ќе бидат наши луѓе? Нека бегаат. Не знам што мислите за тоа, но не бев премногу загрижен во 2020 година кога луѓето си заминаа“, му рекол Лукашенко на Путин.

Протестите во руските градови резултираа со околу 2.000 апсења.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе