Како Ред Бул стана дел од историјата на валутите?

Од најстари времиња, луѓето осмислувале начини за стокова размена и вреднување на нештата, што било претходница на парите.

Познати се легендите за островските народи од Пацификот и Атлантикот, кои за таа цел користеле морски школки. Што поегзотично, тоа повредно, а тоа подоцна се однесувало и на златото, среброто и останатите благородни метали од кои се обликувани парите.

Првите ковани пари кои се  слични на денешните се појавиле пред 2.700 години во државата Лидија на Блискиот Исток, додека хартиените пари се појавиле во 10. век во Кина, но познати се многу локални примери кои биле типични за одредено поднебје. Норвежаните како пари го користеле путерот, додека Ацтеките таква функција им дале на зрната кафе, Римјаните плаќале со сол, додека во Парагвај ист пример има со полжави. Но, 21. век донесе нешто слично, а во склад со времето – лименките со Ред Бул станаа валута!

 Се разбира, станува збор за авантурата Red Bull Can You make it, каде што првиот македонски тим учествуваше во 2016 година. За изданието во 2018 година предвидено е од пет појдовни точки во Европа да се стигне до Амстердам, а ако успееш да добиеш гласови за своето презентациско видео, можеби токму ти ќе тргнеш на пат со само 24 лименки од омилениот енергетски пијалок.

Тебе ти преостанува да го искористиш шармот, снаодливоста и фантазијата, па лименките да ги размениш за сместување, транспорт и за други авантури на пат до престолнината на Холандија. Тоа предвидува и четири станици на минување, каде ќе добиеш нов контигент лименки ако ги исполниш поставените мисии.

Сега се поставува прашањето колку може една лименка да вреди и што се можеш да купиш со неа? Тука ќе наброиме само неколку примери кои сигурно ти делуваат нестварно!

Една австриска екипа минатата година даде три лименки за да оди на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите на Баерн Минхен.

Тројка од Шпанија, пак, потроши 12 лименки за тетовирање во Венеција.

Друштвото од Филипините направи егзотичен излет на Алпите во Швајцарија, каде што прв пат со своите раце допреа снег.

Учесниците од Норвешка отидоа најдалеку, за 24 лименки организираа лет со приватен авион.

Само во изданието од 2016 година учесниците разменија преку 16.000 лименки Ред Бул, при што македонскиот тим „Борово“ исто така имаше незаборавни искуства со оваа валута.

Можеш ли ти да ги надминеш овие подвизи? Тогаш не чекај, туку најди две лица на кои ќе им веруваш и здружете се во најлудата авантура. Сите информации за натпреварувањето можеш да ги најдеш на следниот линк.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе