Како регионалните медиуми известуваат за претседателските избори во Северна Македонија?

„Претседателски избори во Македонија: Борба за победа или за цензус?“ е насловот под кој српскиот весник „Вечерње новости“ информира за претседателските избори во земјава.

Весникот посочува дека посебност на овие избори е што по првпат најголемата македонска и најголемата албанска партија настапуваат со заеднички, т.н. консензуален кандидат.

„Меѓутоа, нема да биде тоа само борба за местото шеф на државата, туку и за достигнување на изборниот цензус, бидејќи според законот, изборите ќе бидат валидни само ако на избирачките места излезат повеќе од 40 отсто од впишаните во Избирачкиот список“, наведнува весникот.

Српската Б92 информира за изборниот ден, повремено објавувајќи информации за излезноста.

Спутник Србија, под насловот: „Нов референдум во Македонија – сите изненадувања се можни“, информира за претседателските избори во земјава.

„Голем број аналитичари на овие претседателски избори гледаат како на своевиден референдум за работата на владата во последните две години, па изборот за претседател всушност ќе претставува позитивна или негативна оценка за досегашниот премиерски мандат на Зоран Заев“, се посочува во текстот на Спутник Србија.

„Албанските гласови клучни за вториот круг“, е насловот на „Политика“ на написот за изборите. Во него се претставени тројцата кандидати и се истакнува улогата на албанските гласови на вториот круг, до кој, според аналитичарите цитирани во текстот, најверојатно ќе дојде.

Со истакнување на високиот цензус за валидност на изборите информира и српски „Блиц“,  Танјуг известува за достигнатиот цензус и дава кусо претставување на кандидатите. Српската новинска агенција „Бета“ посочува дека граѓаните на Северна Македонија гласаат за нов претседател на државата, но тоа изгледа ќе биде избор меѓу незадоволството од промената на името на државата и влезот во евроатлантските интеграции.

„Изборното ливче на претседателските избори во Северна Македонија е едно од најкусите во регионот: на него има само три имиња: кандидатот на вледејачката коалиција Стево Пендаровски, кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова и кандидатот поддржан од албанската опозиција Блерим Река“, информира Би-Би-Си српска редакција.

Хрватската агенција „Хина“ во текстот, меѓу другото, потестува дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски избега од земјава и побара азил во Унгарија за да избегне затвор поради корупција. Хрватски индекс посочува дека промената на името на државата ќе се рефлектира на изборните резултати, но исто така, и посочува дека високиот изборен праг може да се покаже како проблем. Исто така порталот наведува дека не се очекува победник по првиот круг од претседателските избори и потсетува дека евентуалниот втор круг, ќе се одржи на 5 мај.

„Шестите по ред претседателски избори, според проценките, би требало да бидат мерење на поддршката за власта и опозицијата по промената на името на државата и референдумот на кој не беше постигнат цензус“, пишува Ал Џезира Балкан.

Бугарски „Труд“ информира за текот на изборниот ден, посочувајќи дека излезноста до 15 часот била 30 отсто, оценувајќи ја како „слаба“.

„Граѓаните на Северна Македонија гласаат за нов претседател на земјата. Кандидатите во неодамна преименуваната земја се тројца. Учеството на кандидатот на албанските партии БЕСА и Алијанса за Албанците – Блерим Река“, пишува бугарскиот портал БТВ новините.

Бугарската новинска агенција БТА посочува дека иако претседателската функција е речиси церемонијална, сепак изборите се сметаат за тест на Владата по длабоката поларизација по Договорот за промена на името со цел ставање крај на повеќедеценискиот спор со Грција.

Грчкиот весник „Катимерини“ известува за претседателските избори, посочувајќи дека тројца универзитетски професори се борат за функцијата. Весникот, исто така, посолува дека е неопходно кандидатот да добие 50 отсто од гласовите плус еден за да биде избран во првиот круг.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе