Како сами да направите средство за дезинфекција на рацете?

Мијте ги рацете, држете растојание, носете маски. Ова се основите на заштитата од инфекција со коронавирус.

Во ситуации кога немате услови да ги измиете рацете најмалку 20 секунди со чиста вода и сапун, се препорачува дезинфекција на рацете со производи на база на алкохол.

Полиците во продавници и аптеки се полни со разни производи. Но, можете и самите да направите домашно средство за дезинфекција на рацете.

Сите состојки мерете ги со истиот сад (чаша).

УПАТСТВО

1. Во сад измешајте две третини изопропил алкохол (99,9-постотен што се користи за чистење) со една третина гел од алое вера.

2. Промешајте ја смесата и префрлете ја во шише (со пумпа) во кое ќе го чувате вашето средство за дезинфекција

3. Повремено протресете го шишето.

Алое верата во овој „рецепт“ служи за да ги заштитите вашите раце од агресивните ефекти на алкохолот. Што се однесува до алкохолот, се смета дека дека концентрациите од над 60 проценти алкохол, без разлика дали се изопропил или етанол, се доволни за да се убијат микроорганизмите. Две третини од алкохолот би значело 66,7 проценти, или околу 70 проценти, колку што е концентрацијата во стандардните гелови за дезинфекција на рацете.

Разредувањето на средството за дезинфекција под 60 проценти алкохол  дефинитивно го прави неефикасно. Исто така, жестоките пијалаци што најчесто се служат не се доволно силни за дезинфекција на рацете од коронавирус, освен во случај на пијалоци со концентрација на алкохол од 67 проценти или повеќе.

Проблемот, сепак, може да биде и тоа што оваа концентрација на алкохол во агенсот е на долниот раб на ефективноста. Светската здравствена организација наведува концентрации од 75 проценти изопропанол и 80 проценти етанол како безбедни и 100 проценти ефективни. Кога станува збор за етанол, постојат алкохолни пијалоци кои можат да ги исполнат дури и овие стандарди. Спротивно на тоа, некои производи што се продаваат како средства за дезинфекција на рацете имаат нешто повеќе од 50 проценти алкохол.

реклама

Интегра ги претстави плановите: Штип се претвора во балкански Манчестер

Read more

Апасиев: Вакво зло Македонија немала од АСНОМ до денес

Read more

Се крчка ЕУ-гославија за време на Бајден, каде е Северна Македонија во овој план?

Read more

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Read more

Здравје

Колку треба да вежбаме ако цел ден седиме?

Read more

Како да се ослободите од подуеност на стомакот?

Read more

Зошто гоџи бобинките се сметаат за најздраво овошје во светот?

Read more

Колку пати може да ги носиме хируршките маски и дали се перат?

Read more

Магазин

  • play_arrow

На Галапагос откриен бел пингвин

Читај повеќе
  • play_arrow

15-минутни секси вежби со Памела

Читај повеќе

Поради короната, белградската проституција работи по принципот на достава

Читај повеќе
  • play_arrow

Брзи и вкусни идеи за појадок со Гордон Ремзи

Читај повеќе

Четири знаци дека си имате работа со манипулатор

Читај повеќе

Колку треба да вежбаме ако цел ден седиме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова е најголемиот волк во светот

Читај повеќе

Што е тоа што ја прави една личност сексапилна ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Транспорт на отворено море: Дронови кои им пркосат на ветровите и брановите

Читај повеќе