И додека кај нас првите минусни температури веќе се сметаат за проблематични за работата на автомобилите, во некои региони во светот автомобилите мора да функционираат на екстремно ниски температури и до -70 Целзиусови степени.

Огромните пространства на Сибир дефинитивно припаѓаат на таква област со екстремен студ. Територијата на Република Јакутија се смета за една од најстудените населени области на Земјата, додека главниот град Јакутск е и најстудениот во светот во конкуренција на градови со повеќе од 100.000 жители.
Дури и во такви тешки услови, животот мора да продолжи, а патните возила се ставени на особено голем тест. Во зима е толку студено што некои сопственици не ги ни исклучуваат своите автомобили, додека други ги чуваат во загреани гаражи. Оние на кои автомобилот навистина не им е потребен, едноставно го вадат акумулаторот и го оставаат автомобилот да „одмара“ додека не дојдат потопли денови.
Доколку е потребно да се стартува моторот на буквално замрзнат автомобил, постои решение. Како што покажува видеото, потребно е автомобилот да се загрее со индустриски грејач околу два часа. Штом маслото во моторот се одмрзне, батеријата се враќа и моторот се стартува.
Но и тоа не значи дека можете да тргнете на патување. Повеќето од нив возат докажани стари возила UAZ, или класичен теренец или буханка, но на секое долго возење одат со друго возило. Доколку дојде до дефект на отворено без засолниште, патниците многу брзо ќе се најдат во неволја.
Затоа, доверливоста на возилото е приоритет, поважна од удобноста и, на пример, одредена опрема. Исто така, не е лошо дополнително да се изолира возилото. Двојното ветробранско стакло ќе спречи замрзнување, а моторниот простор може да се заштити со кожа. Дополнителната изолација на картосериските исто така не е лоша идеја. Во конкретниов случај можеме да видиме што може да се направи за нешто помалку од 70 евра.