Како се движеше вредноста на биткоинот?

Некои луѓе ја гледаат иднината на бизнисот и трговијата во криптовалутите, додека останатите тврдат дека тоа е „само меур“ кој ќе прсне и сите ќе останат без нивните заштеди. Без разлика на која од двете страни се наоѓате, неизбежно е да ги сретнете криптовалутите околу вас, а посебно биткоинот.

Биткоинот во последните неколку месеци имаше вртоглави промени на вредноста, кои беа константна тема на разговор во светот.

Големите имиња на светскиот бизнис се целосно поделени кога е во прашање темата за криптовалути, едните велат дека вреди да се инвестира во нив додека другите велат дека тоа не е ниту доволно реално за да биде забележано како економски феномен.

Пред само една година вредноста на биткоинот изнесуваше 1.180 американски долари за еден биткоин токен, а пред точно три месеци, односно пред крајот на минатата календарска година таа забележа огромен раст и изнесуваше 8.201 долар. Валутата продолжи да расте и во наредниот период, кога точно пред да се смени бројката на календарот, таа имаше вредност од 13.975 долари, кое воедно беше и најголемата вредност што ја достигна биткоинот досега.

Во рок од еден месец се случија многу флуктуации на вредноста на биткоинот и тој полека почна да паѓа, што предизвика многу сомнежи и разговори за тоа дека оваа криптовалута никогаш нема да успее да биде постојан дел од светската економија.

На крајот на месец јануари имаше вредност од 11.399 долари, додека пред само една недела вредноста падна на 9.844 американски долари.

Сепак, во последната недела изгледа дека состојбата полека се стабилизираше и повторно ја врати вредноста од над 10.000 долари, односно моменталната вредност ѝ е 10.218 американски долари за еден биткоин токен.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе