Како се градат мостови среде вода?

Лесно е кога треба да се направи мост преку мала река, но како изгледа изградбата кога во прашање е голема водна површина преку која треба да се премине?

Инженерството станува навистина интересно и креативно кога се гради среде вода. Мостовите кои минуваат преку поголема водна површина своите основи ги имаат на самото дно. Голем е предизвикот да се гради во длабочините бидејќи не е само водата како количина пречка, тука се и притисокот, струите, па и корозијата која настанува доколку се гради во солена вода. Но, за сѐ има решение.

Прво, треба да се најде соодветен материјал за градба. Треба да биде не само цврст и издржлив, туку да биде отпорен на вода и на корозија. Такви се цементот, челикот и акрилното стакло. Токму овие три материјали се користат при изградба на мостовите ширум светот. На цементот не му е битно дали е во вода или е на суво, отпорен е и вака и така; челикот не корозира и е цврст, додека акрилното стакло многу тешко се крши, а издржува и сончева светлина.

Останува проблемот како сите тие материјали да се наредат кога местото на кое се гради мост е длабока вода. Зависи и колкава е длабочината. Постојат два начина доколку се гради во не многу длабока вода: привремено да се истисне или пренасочи водата. На тој начин се гради на суво, а по завршување на изградбата водата се пушта назад.

Доколку станува збор за навистина голема длабочина или пак огромно водно пространство каде нема како привремено да се отстрани водата, тогаш на сцена стапува механизацијата. Познат метод при вакви ситуација е набивањето огромни челични столбови низ водата кои се прицврстуваат длабоко во дното со помош на масивни чекани. Столбовите се шупливи за потоа во нив да се тури цемент и така се добива основата на мостовите.

Друг начин е со правење на привремена затворена брана. Со пумпи водата од ваквата брана се вади и потоа почнува изградбата на тоа место. Во зависност од длабочината на водата, браната може да биде направена и од земја доколку изградбата е блиску до брегот. На таков начин се гради мостот кај салата на МЗТ каде земја е нанесена речиси до половина на реката Вардар која потоа ќе биде тргната.

Remote video URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Архитектура

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more

Куќа од соништата на езерото Тахо се продава за 12,8 милиони долари, заедно со Tesla Cybertruck

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе