Здравје

Како се менува вагината низ годините: Жените најмногу уживаат во сексот во 30-тите години

8. јули 2019 - 11:17 | А.С.

Како и целото тело, така и вагината се менува со текот на годините. Прво поминува низ период на пубертет, потоа зрелост, породување (не задолжително) и на крај менопауза.

Вагината се развива во согласност со промената на нивото на хормони  кај секоја жена посебно.

Хронолошка мапа на вагината:

Во 20-тите: Направете го првиот ПАП тест

Во 20-тите години вагината драстично се менува поради хормоните. Вулвата е потполно изградена и затегната. Не заборавајте дека големината, бојата и формата на вагината е посебна и уникатна за секоја жена.

Ако во 20-тите почнете да користите контрацептивни пилули тоа може да ја намали влажноста на вагината.

Во 20-тите треба да го направите првиот ПАП тест или најмалку три години откако сте станале сексуално активни.

Во 30-тите: Жените имаат најголема желба за секс

Промените во вагината во 30-тите се најдрастични кај жените кои родиле дете. Еластичноста на надворечните и внатрешните усни попушта и тие стануваат малку потемни.

Во овој период жените имаат најголема желба за секс и најмногу уживаат во сексот.

Во овој период е добро да почнете да ги правите Кегеловите вежби за зацврстување на вагината.

Во 40-тите и 50-тите: Промени на пубичните влакна, почеток на менопауза

Во 40-тите години, pH вредноста на вагината се зголемува, а најчесто има и промена во бојата на пубичните влакна. Во овие години, нивото на естроген полека опаѓа, а тоа доведува до намалување на колагенот и дотокот на крв во вагината.

Во раните 50-ти жената поминува низ менопауза. Тогаш може да се јави сувост на вагината што може да предизвика болка при сексуални односи. Гинеколозите советуваат во овој период да почнете да користите лубриканти за време на секс.

Коментирај