Како се менуваше приказната на Саудиска Арабија за случајот на новинарот Кашоги?

Саудиските власти во петокот соопштија дека новинарот Џамал Кашоги бил убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул, каде дошол на 2 октомври за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка, по што му се загуби секоја трага.

Овој последен официјален став на Ријад драстично се разликува од првичните реакции за случајот Кашоги.

Во продолжение следи преглед на досегашните саудиски ставови околу случајотКашоги:

2 октомври – Кашоги последен пат е виден како влегува во Саудискиот конзулат во Истанбул.

3 октомври – Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман во интервју за Bloomberg вели дека според неговите сознанија, Кашоги го напуштил Конзулатот каде минал „неколку минути или еден час“.

4 октомври – Саудискиот конзулат во Истанбул на Twitter објави дека ги следи медиумските извештаи за исчезнувањето на Кашоги „откако ја напуштил зградата“ на дипломатското претставништво.

6 октомври – Саудиска Арабија соопшти дека испраќа тим во Турција, кој ќе го испита „случајот Кашоги“ заедно со турските власти.

7 октомври – Турски официјални претставници првпат излегоа со тврдења дека Кашоги е убиен во Конзулатот, но Саудиска Арабија соопшти дека таквите обвинувања „се неосновани“.

9 октомври – Турција соопшти дека ќе изврши претрес на Саудискиот конзулат.

11 октомври – Турција и Саудиска Арабија соопштија дека се договориле да формираат заеднички тим што ќе треба да ја утврди судбината на Кашоги.

13 октомври – Саудиските власти ги оценија како „лаги и неосновани тврдења“ медумските наводи дека била издадена наредба за убиство на Кашоги, додека медиумите во Турција објавија изјава на официјален турски претставник, кој тврди дека Кашоги бил убиен во Конзулатот и неговото тело било исечено на парчиња.

14 октомври – Турција побара од Саудиска Арабија да им дозволи на турските истражители да извршат претрес на Конзулатот.

15 октомври – Турските истражители извршија претрес на Конзулатот. Во исто време, саудските медиуми објавија дека „15- члениот тим Саудијци“, кои според турски извори го ликвидирале Кашоги, всушност се „туристи“.

16 октомври – Клучниот сведок во истрагата ја напушти Турција без најава и замина за Саудиска Арабија.

17 октомври – Турските истражители извршија претрес на резиденцијата на саудискиот конзул.

19 октомври – Саудискиот јавен обвинител соопшти дека прелиминарната истрага покажала оти во Конзулатот „меѓу Кашоги и група луѓе дошло до конфликт и размена на тупаници, кои довеле до смрт на новинарот“. Тој информира и дека во врска со „убиството на Кашоги“ биле уапсени 18 Саудијци.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе