Американскиот борбен авион F-35 ја има титулата за најскапа воена програма на САД. Авионот F-35 е ловец бомбардер од петтата генерација кој е невидлив за радарите и може да полетува и слетува вертикално. Според оценките на експертите, тој требаше да го замени актуелниот F-16 и значително да ја засили американската морнарица и воздухопловните сили на САД.
Сепак, уште во раните фази на проектот се појавија многу технички проблеми, а програмата се најде на мета на критика поради честите одлагања, доцнењето во реализацијата и отстранувањето на проблемите, како и огромните трошоци.
За да ги намалат трошоците, пилотите поминуваат низ посебна обука за летање со авионот кој чини 159 милиони долари по летало.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=lekoXvtDpuk]