Како се покажа Tesla Model S во зимски услови?

Tesla Model S помина 530 километри на температури меѓу -10 и -5 Целзиусови степени, што е за 16,4 отсто помалку од WLTP рејтингот.

Тоа беше доволно за американскиот модел да победи на споредбениот тест направен во Норвешка, поставувајќи нов рекорд.

Електричната лимузина на Илон Маск беше подобра од 28 други електрични автомобили на тестот организиран од норвешкиот автомобилски медиум Motor.no.

Tesla Model S изгуби само 16,4 отсто од номиналниот WLTP опсег од 634 километри и беше единственото возило што ги проби бариерите од 450, односно 500 километри. Претходниот рекорд беше 521 километар, поставен во 2021 година од Tesla Model 3 Long Range.

Она што е интересно е дека Model S може да оди уште подалеку, но батеријата на тестираното возило можеше да се наполни само до 98 проценти од технички причини пред почетокот на тестот. Батериите на сите други возила беа 100 проценти наполнети.

Remote video URL

За повеќето возила тестирани оваа година, опсегот на студено време во реалниот свет падна за 20 до 30 проценти од нивните WLTP оценки. На пример, автономијата на Mercedes-Benz EQE беше „скратена“ за 33,39 проценти на 409 километри, во споредба со WLTP вредноста од 614 километри.

На тестот учествуваа вкупно 29 електрични возила, што значи дека беше најголем досега. Се возеше меѓу норвешката престолнина Осло и Хјеркин, на патека од 365 километри во еден правец.

Покрај Tesla Model S, возилата што покажаа најмали отстапувања од номиналниот опсег беа Maxus Euniq 6 (-10,45 проценти), MG Marvel R (-16,76 проценти), MG 5 (-17,63 проценти), Kia EV6 GT (-17,69 проценти) и Tesla Model X Plaid (-18,23 проценти).

Сите останати имаа загуба на автономија поголема од 20 проценти, а најголемиот „минус“ се однесува на Toyota bZ4X, кој изнесува -35,79 проценти). Вреди да се спомене дека некои возила достигнаа најголема надморска височина на тест-патеката, каде температурите се спуштија до -19 степени Целзиусови.

Motor.no тестираше разновидна мешавина на електрични модели, вклучително и кинески модели на продажба во Норвешка, како што се Nio ET7, BYD Han, Hongqi E-HS9, Voyah Free, JAC e-JS4, BYD Atto 3…

реклама

Авто новости

Скок во продажбата на електрични автомобили

Read more

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Uber се здружи со Кинезите: Носат роботакси во Европа

Read more
 

Автомобили

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Читај повеќе

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Читај повеќе

Uber се здружи со Кинезите: Носат роботакси во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѕиркање во гробиштата за суперавтомобили и луксузни модели во Дубаи

Читај повеќе
  • filter

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Читај повеќе

Зошто не треба да ја вклучите климата веднаш штом влезете во автомобилот?

Читај повеќе
  • filter

Златниот Mercedes G-класа е гласен статусен симбол

Читај повеќе

Електричното Ferrari ќе почека

Читај повеќе