Како се прави театарска претстава во пандемија?

Александра Спасеска
/ 08.06.2020 / 15:36

За сите оние на кои им недостига театарот, доаѓа убава вест од Wonderland Theatre.

Независниот театар на 11 јуни, четврток, ќе ја има својата прва театарска премиера онлајн. Претставата носи наслов „Илузии“. Работена е според мотиви од истоимената драма на најпознатиот современ руски писател Иван Вирипаев.

„Илузии“ е во режија на Нела Витошевиќ, а улогите ги играат актерите Драгана Лошкова, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Монтажата ја направи Васил Христов, а музиката е на Огнен Анастасовски.

Претставата ќе се стримува од 20 часот на YouTube каналот на Wonderland Theatre каде потоа ќе биде достапна за прегледување за заинтересираната публика.

За активностите на Wonderland Theatre може да се информирате преку социјалните мрежи Facebook и Instagram.

Несекојдневен креативен процес

Оваа претстава е направена во време на пандемија и нејзиното создавање е поврзано со периодот на карантинот. Секој ден откако ќе започнеше полицискиот час, екипата се собираше да пробува на интернет платформите за комуникација. Тргнавме од идејата односно започнавме дебати околу тоа што би се случувало доколку пандемијата потрае подолго време?! Каков би бил светот?! Како би функционирале ние во новонастанатите околности?! Што би се случувао со уметноста, а што со театарот?!

Дискутиравме, споделувавме разни сознанија и информации во однос на новите глобални околности и решивме да пробаме да направиме претстава во виртуелниот простор и да видиме што ќе добиеме како резултат на ова истражување. Екипата на крајот се договори да влезе во оваа не толку позната сфера и да одговори на предизвикот кој ова ново време го задава.

Користејќи се со театарскиот пристап, но во виртуелниот свет, направивме  претставата која ги отвара темите на љубов, неверство, оттуѓеност на луѓето како и празнотијата и минливоста на животот. Сметавме дека во вакви кризни времиња овие теми се актуелизираат кај секој човек. Оваа приказна ни ја раскажуваат четворица актери кои постојано влегуваат и излегуваат од улогите. Сите играат определена улога, но истовремено се и наратори на приказната.

Од друга страна претставата отвара и еден друг документаристички аспект кој зборува за проблемита со кои се соочува, а и допрва ќе се соочува пост-пандемскиот театар. Интересно во однос на процесот е и тоа што екипата се нема сретнато во живо. Целата комуникација и создавање на претставата се одвиваа онлајн.

„Сѐ што е снимено е снимено во домашна изолација и со приватни телефони на екипата. Претставата е направена за месец и дваесет дена и трае 50 минути. Оваа виртуелна претстава e наш придонес и уметнички израз во оваа новонастаната состојба“, вели екипата на Wonderland Theatre.

Тагови
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Култура

Настан со народни ора и песни, носии и ракотворби во Паркот на Франкофонијата

Read more

Охрид СОС: Локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во ѓубриште

Read more

Почнува шестото издание на Скопскиот поетски фестивал

Read more

Пандора Апостолоска Саздовска на Меѓународна изложба на жени уметници во Шпанија

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе