Како се пресметува новиот данок за моторни возила?

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Дел од увозниците на половни возила денеска пред претставниците на Царинската управа, ги изнесоа своите забелешки во однос првичната примена на Законот за данок на моторни возила, кој стапи на сила  на 1 јануари 2020 година.

-Како една од главните дилеми, која беше посочена на состанокот, беше практичната примена на законските одредби и нејаснотиите со кои се соочуваат увозниците на половните возила при пресметката на новиот данок за моторни возила, како и зголемувањето на давачките за кои стравуваат дека ќе предизвика прекин во нивното работење. Особен акцент во разговорите беше ставен на возилата кои се оцаринети пред почетокот на примената на новиот Закон за данок на моторни возила, дали подлежат на дополнителен данок или не, како и состојбата со возилата кои се на пат за испорака во нашата земја. Истакната беше поддршката на носењето на измени во делот на даночењето на моторните возила со позитивен пристап за стимул на увоз на поеколошки возила, но сето тоа во корелација со куповната моќ на граѓаните за кои истакнаа дека тешко може да си дозволи купување на поскапи возила, информираат од Царинската управа.

Од страна на Царинската управа на состанокот биле презентирани основните одредби на Законот за данок на моторни возила и биле направени неколку пресметки на данокот на моторни возила.

-Беше заклучено дека во делот на начинот на пресметка сѐ уште во јавноста кружат шпекулативни пресметки кои во многу ги доведуваат и увозниците и купувачите во заблуда, при што граѓаните се во дилема колку давачки треба да се платат за возилата. Од страна на Царинската управа беше истакнато дека граѓаните овие давачки можат сами да ги пресметаат доколку го користат калкулаторот кој е објавен на веб страната на Царинската управа кој е воспоставен за таа цел ( http://ite.customs.gov.mk:9070/userForm ). Во оваа насока беше предложено да се организира директно презентирање на законските одредби пред увозниците по региони и да се расчистат дилемите со кои се соочуваат во моментот, велат од Царината.

Оттаму појаснуваат дека согласно новиот закон, возилата со вредност до 10.000 евра се даночат исклучиво само по тоа колку загадуваат, а не како досега по вредност на возилото.

-Тие што имаат помали емисии на СО2 плаќаат помалку давачки од тие кој емитуваат повисоки износи на СО2. За возила со вредност над 10.000 евра пресметката се врши и по емисијата на СО2 и по вредност на возилата, обајснуваат од Царинската управа.

Во однос на дилемите дали треба досега оцаринетите возила да платат данок потенцирано, на состанокот, било заклучено дека тоа што е завршено по стариот закон не подлежи на дополнителна наплата на данок на моторни возила и возилата можат слободно да се продаваат на купувачите.

Царинската управа информира дека ќе оствари дополнителна средба со сите засегнати страни со овој закон.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе