Како се „преведува“ бериќатверс‘н?

Интернетот е вистинско богатство, ако знаете како да го користите.

На социјалната мрежа Facebook веќе подолго време функционира групата „Пуздер правам... од македонскиот јазик!“, каде се разменуваат мислења, совети и искуства за правилна употреба на македонскиот јазик.

Често се наидува и на барање помош меѓу членовите, како и примери за вистинско правење „пуздер“ од јазикот.

Едно барање го привлече нашето внимание, иако би рекле дека повеќе соодветствува за во групата „Прифатилиште за преведувачи и толкувачи / Translator-Interpreter Pound“, со оглед на тоа дека членот дури и го ставил зборот „преведува“ во наводници, како да е несигурен што точно бара.

Како се „преведува“ бериќатверс‘н?

Ова е тешкото прашање, за кое и преведувачите би се почешкале по глава, бидејќи станува збор за одомаќинет турцизам. Апелот има над 50 одговори, но решението на еден од членовите е толку бесценето, што решивме да ви го пренесеме во целост, да ви се најде.

Како и во ОВОЈ случај, ова го објавуваме во #мкфејл чисто технички. Не го сметаме за фејл, туку за победа на денот.

Објаснувањето:

Во дадениот пример "бериќетверс'н" гледам како објаснување сите го спомнувате бог. Но бог во тој збор не е наведен. Според тоа таквиот превод не е соодветен. А и самиот збор е погрешно напишан.

Тој треба да биде напишан одделно, "бериќет вер с'н".

Зошто?

Еве ви детална анализа:

Бериќет = изобилство на добра (материјални и нематеријални). Пример:

"Оваа година беше бериќетна".

Значи нивата дала многу род.

Вер = дај (дава).

Пример:

"Ver mi" = дај ми

"Ver bana" = дај ми мене

"Ver oni" = дај му нему

С'н - сен = ти (лична заменка втро лице еднина)

Кога ќе се поврзат овие зборови испаѓа:

"Изобилство да ти даде"

Е сега, доколку некој сака да го поврзе бог во ова, тогаш се користи изразот кој кај нас се изговара: "алаверс'н"

Ала - аллах = бог

Вер - дава

С'н - сен = ти

Односно тоа значи: "Бог да ти даде."

Додека сме тука, во овој контекст би можеле да ја спомнеме и следнава изрека: "Бинбериќетверс'н"

Ако и овде се разделат зборовите на "бин бериќет вер с' н" веќе ќе ги согледате досега објаснетите зборови, освен првиот, "бин" што значи 1000 (илјада)

Односно: "Илјада добрини да ти даде."

57+ години живеам во турско маало и турскиот јазик го знам доволно за да се разберам со комшиите.

А еве, и за да дадам по некое објаснување на ФБ.😏

Но исто така знам доволно и за да најдам грешки во преводот на гугл.

Ако користите google translate, ќе најдете грешки

Пр.

Личните заменки во турскиот јазик се:

Еднина

1. Ben - јас

2. Sen - ти

3. O - тој, таа, тоа

Множина

1. Biz - ние

2. Siz - вие

3. Onlar - тие

Доколку пишете "Siz", ќе ви даде превод "ти" (се преведува како да е англиското "you"), што не е точно.

Друга грешка е на пример со личната заменка 3 л.е "тоа".

Доколку пишете "тоа", ќе добиете превод "bu", што не е точно, бидејќи тоа "bu" значи "ова".

Се надевам дека ќе бидете задоволни и ќе научите нешто ново од мојов одговор на ова прашање.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

#мкфејл

Македонските медиуми и споменикот на Волкот во Белград

Read more

Бурек економија

Read more

Шахтите во светот и кај нас

Read more

На Водно на чист воздух...

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе