Како се произведуваат кондомите?

Продажбата на кондоми се зголемува како што се зголемуваат температурите и се приближува летото, покажуваат резултатите на еден од најголемите производители на кондоми, Ansell.

Компанијата во своите погони произведува по 5 милиони кондоми секој ден, а Wired објави неколку фотографии кои покажуваат како изгледа процесот.

Во близина на фабриката на Ansell во Тајланд, работниците прават засеци во дрвата за да го соберат млечниот латекс. Секое дрво произведува 20-40 грама од течноста по засек, а може да дава латекс секојдневно во период од 20 години.

Стаклените калапи двапати се „бањаат“ во латекс, откако ќе се олади материјалот, кондомот се вади со помош на вода. Најпопуларниот калап на компанијата е тој за стандардните прави кондоми, но постојат опции за повеќе форми. Потоа се додава долниот дел на кондомот и се вулканизира гумата.

Кондомите одат да перење за да се отстранат вишокот материјали. Пред да стигнат до процесот на сушење врз нив се додава пудра за латексот да не се залепи.

Секој кондом поминува низ тестови со струја кои проверуваат дали е скинат. Ако машината детектира проблеми, кондомот се фрла. Исправните ги вшмукува посебна цевка која ги витка во препознатливата форма од пакувањето.

Кондомите добиваат дозирање со различни течности и вкусови како што се вкусот на лубеница и чоколадо. Металната преса ги затвора кондомите во пакувањето, а друга машина го става рокот на траење.

Од секоја серија, по случаен избор се вадат по неколку кондоми кои одат на дополнителни тестови. Секоја држава има различни стандарди до кои кондомите мораат да се придржуваат. Покрај издржливоста на воздух, тие се тестираат и со вода за да се провери да не имаат пукнатини, се тегнат додека не пукнат, а се проверува и тоа колку им е рокот на траење пред да бидат искористени.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе