Како се разладуваат скопјани во текот на пеколните горештини?
Денеска и утре целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.
Поради високите температури, здравствените власти препорачуваат престој во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека. При директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крем со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, како и да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
Фото: Фросина Насковиќ / МИА